Манифестацијата „Бајрамска баклава“, во организација на ИВЗ, се обиде на едно место да ги собере претставниците на политичките партии и на дипломатскиот кор. И покрај отсуствата, поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, најави дека оваа манифестација ќе стане традиционална бидејќи на овој начин, собрани сите заедно за прославата на Фитр Бајрам, се докажува толеранцијата и мултиетничноста во земјава.
„Се решив за овој начин на собирање бидејќи отсега па натаму оваа церемонија ќе ја направиме традиционална и барем на вакви настани да бидеме сите заедно, соединети, да си честитаме заедно. Сите вие секоја година доаѓате во мојот кабинет во седиштето на ИВЗ за да ми го честитате мене, а преку мене и на сите муслимани во земјава големиот празник Фитр Бајрам, но сметам дека оваа форма на среќавање дава поголема важност и значење на честитките и несомнено дава важност на празникот, вака е подобро“, рече Сулејман Реџепи – Поглавар на ИВЗ.
На манифестацијата „Бајрамска баклава“ што се организира првпат од ИВЗ, отсуствуваа високите државни претставници, почнувајќи од претседателот, премиерот, а го немаше ни лидерот на опозицијата Заев. И покрај тоа што на манифестацијата беа неколку претставници на ДУИ, забележливо беше отсуството на претседателот на партијата Али Ахмети. Не беа ниту од ДПА. Од албанската опозиција присутна беше само „Беса“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.