| четврток, 6 декември 2018 |

Јубилејно десетто издание на „Битфест“

„Битфест“ е најзначајна, културно-социолошка манифестација, лоцирана во Битола, градот на конзулите и традицијата. Битола 60 дена е жива културна сцена, а концептот на „Битфест“ вклучува збир на бројни настани кои носат културен признак, од индивидуални уметнички креации до реномирани фестивалски случувања. Веќе поминаа дваесет дена од годинашново издание на „Битфест“, а и годинава понудата одлично прифатена од публиката, оттаму и спецификата на „Битфест“, во сензитивната интеракција и воспоставената комуникација помеѓу публиката и културните случувања.

CRKOVNO PEENJE BOGORODICA 1

Битолскиот камерен оркестар, Партибрејкерс, Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт, Холандија, кој маестрално ја изведе изворната „На Струга Дуќан да имам“, покрај класичните композициски дела на Турина, Блох и Стравински под диригентската палка на Бас Полард, ги означија само големите културни случувања на културните летни сцени низ Битола. Студентскиот симфониски оркестар од Утрехт, Холандија е еден од најдобрите студенски оркестри  составен од деведест члена, основан во 1823 година и е најстариот студентски симфониски оркестар во Холандија. Во рамките на БИТ ФЕСТ -2015, настапи и хорот на Еврејската заедница „МОИС  ХАСОН“, кој на битолската публика повторно и приреди незаборавно дружење со композии од  вековната сефардска музичка традиција. Во битолскиот Центар за култура, во програмата за Бит фест 2015 премиерно беше изведена една од  најдобрите  светски – танго опери „Марија од Буенос Аирес“, од аргентинскиот композитор Астор Пјацола. Аргетинскиот танц, пред публиката прозвучи длабоко инспширативно од Битолскиот камерен оркестар. Покрај Широк Сокак, Хераклеа, Летната сцена на Тумбе кафе и црковниот храм „Пресвета Богородица“ – Битола, беше место каде во рамките на најдолгото културно лето БИТ ФЕСТ, со свој настап пред битолската публика се претставија хорот Св. Нектариј битолски и хорот Св. Макарина, а гости беа хорот Херувими од Ресен и Ламбе Алабаковски. Публиката имаше прилика да чуе напеви од христијанската византиска традиција – неделни и празнични литургии, Тропарот на Св. Нектариј, Богородичен кондак, Кресту Твоему, Теририем, Господи помилуј и Достојно ест.

OPERA MARIJA OD BUENOS AIRES 1

Вечерва битолските најдобри музички ѕвезди Ламбе Алабаковски и Димитар Андоновски, не само што виртуозно ќе музицираат во Пациото на Музејот, туку првенствено, остваруват голема хуманитарна мисија. Нивниот вечерашен концерт има хуманитарен карактер и собраните средства ќе бидат донирани за битолчанецот Пеце Роговски. „Гледајќи го нивниот ентузијазам, желба и волја, кога музиката е главна животна опсесија, знам што за нив значи таа работа, а  посебно кога се сака да се помогне на свој другар, на свој сограѓанин. Како и секогаш, така и овој пат Општина Битола повторно излегува во пресрет и дава неизмерна поддршка “- истакна д-р Владимир Талески, градоначалник на Општина Битола.

OPERA MARIJA OD BUENOS AIRES 2

UTREHT SIMFONISKI ORKESTAR 5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top