Општина Битола објави јавен повик за учество во програмата на годинашното битолско културно лето „БитФест-2016“.
Предлагачи на програмски содржини може да бидат институции, здруженија на граѓани, неформални групи и поединци кои ќе понудат идеи од областа на музичко сценска уметност, ликовна уметност, театар, видео, фото и филмска уметност, потоа литература, фолклор и нови уметности.
– Повикот ќе биде отворен до 3 мај и до тогаш очекуваме со пополнета апликација секој иницијатор на програмски настан истиот кусо да го образложи за да потоа биде селектиран. Очекуваме и оваа година голем интерес за учество на „БИТФЕСТ“ и пријавувања како од институциите со локален и национален предзнак, така и од бројните здруженија на граѓани, но и поединци, информираат од општина Битола.
Според востановената традиција, во рамки на „БИТФЕСТ“ ќе се одржат и големите интернационални анифестации како што се „Битола Шекспир театар“, „Илинденски денови“ и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.