| четврток, 6 декември 2018 |

Ирски танци викендов на „Битфест“

Битолската публика со воодушевување и љубопитство ја проследи во саботата вечерта, одлучната и моќна изведба на ирскиот танц. Селтик Ритам e трупа која негува ирски танци, со најдолга традиција на Балканот.

FOTO 2 PAMPERS

 

Таа е основана во 2002 година од страна кореографот и професионалниот танчер Марко Мичиќ од Панчево. Мичиќ како соло танчер е добитник на златен и сребрен медал на националните првенства во 2009 и 2010 година, настапува на светски фестивали и има одлична соработка со сите бендови кои професионално се занимаваат со ирска музика во Србија. Инаку во Битола е втор пат, 2009 година настапи на Интерфест. Од декември 2011 година, Селтик Ритам е член на Coimisiún ле Rince Gaelach.

FOTO PAMPERS

 

За Битолчани, на Широк Сокак, во рамките на БИТ ФЕСТ  и нивните омилени  „Памперси“, кои веќе подолг период се препознатлив и белег и бренд на Битола.

FOTO TURUNXIEVA

А, пред публиката на БИТ ФЕСТ синоќа и Сузана Турунџиева, со концерт насловен „Незаборавна музика“, а со свој концерт и „Новоградска и The Government“.

FOTO ALBANSKA ZENA

Викендов со свои активности насловени „Денови на Ростковски“ и Македонското руско здружение за пријателство и соработка, филмскиот фестивал „SEE a Paris“ и изложба на градска мода на албанската жена во конзулскот период на Битола. Како организатор се појавува здружението ”22 Ноември”, а беше претставена облека на жената – албанка, во времето на конзулска Битола. На изложените експонати, можеа да се забележат од византиско ориентално, до влијанието на илирската култура. Фустаните се рачна изработка, шиени од страна на, во тоа време, познати шнајдери. Стилот на изработката е модерен и елегантен, што е одраз на градскиот живот во тоа време.

Вечерва на БИТ ФЕСТ, во просторот на Магазата, во 21.00 часот, Дуо гитара – Срѓан Булатовиќ и Дарко Никчевиќ од Црна Гора.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top