Исламската држава преку видеопорака објавена на „Јутјуб“ под името „Ние сме исламски хилафет – касида“ се закани дека ќе ги освои Македонија и другите држави на Балканот и ќе воспостави шеријат. Пораката во која балканските земји се означети како мети на исламските терористи е објавена на 10 јули на „Јутјуб“ каналот „Пат на хилафетот“, каде што може да се најдат многу видеопораки и снимки на тема радикален ислам.
Видео порката почнува со цитат од порака на пророкот Мухамед, а потоа следува верска песна во која се испраќа закана за Македонија, но и за целиот Балкан.
– Радувајте се о Балканци, се ближат подобри денови, доаѓаат муслиманите, ние сме исламски хилафет. Радувај се, о ти Србија, ќе бидеш дел на исламија, иако тоа не ти прија, ние сме исламски хилафет. Радувај се о Кроатија, ќе ти падне демократија, Божји закон, правда за сите, ние сме исламски хилафет. Радувај се о Црна Горо, доаѓаме наскоро. Ќе бидеш наше место ново, ние сме исламски хилафет. Босна и Херцеговина, ете ви ги муџахедините, ќе паднат главите на муртедините, ние сме исламски хилафет. Радувајте се Албанија, Косово, Македонија, ќе ви го вратиме шеријатот, ние сме исламски хилафет. Радувај се и ти Обама, победата ни припаѓа нам, ние сме синови на исламот, ние сме исламски хилафет, се вели во заканувачката порака на џихадистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.