| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Граѓаните знаат дека сме тимот кој носи успеси, нови работни места, инвестиции

gruevski4Граѓаните треба да бидат спокојни, тие ме познаваат во изминатите девет години преку работата и делата, преку одлуките и решенијата и преку испорачаното од наша страна на дадените ветувања, рече премиерот Никола Груевски на прес-конференцијата.

– Јас знам дека мнозинството граѓани повторно во април ќе ни ја дадат поддршката и тоа ќе биде историска поддршка и историска победа, затоа што никогаш не ги изневеривме и затоа што знаат дека тоа е тимот кој носи напредок и успех за Македонија, кој носи нови работни места, инвестиции, поголеми пензии и плати, земјоделски субвенции, стабилност во државата и европска и евроатлантска перспектива, рече Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top