| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија против Норвешка и Ерменија во Дејвис купот

Македонската тениска репрезентација е одредена за носител во Ц групата и ќе игра против Норвешка и Ерменија во Третата Европска зона во Дејвис купот.

Од утре до 18. јули ќе се играат натпреварите од оваа зона со вкупно 13 репрезентации поделени во четири групи.

Победниците од секоја група ќе играат во полуфиналето, а финалистите ќе се пласираат во Втората Евроафриканска Зона.

За Македонија во Сан Марино ќе играат Јотовски, Грабул, Јанкуловски и Србљак предводени од селекторот Маринковиќ. Утре ќе играме со Ерменија, а задутре против Норвешка.

Најзвучни имиња на турнирот ќе бидат Маркос Багдатис, кој игра за Кипар, потоа Грузиецот Николоз Басилашвили и Јирген Зоп од Естонија.

TomislavJotovski

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top