| четврток, 6 декември 2018 |

По 11 години, Тамара промовираше албум (ФОТО)

11745607_973418109364376_3418359530738171510_n

Последните години Тамара Тодевска ги отпеа едни од најдобрите македонски песни, за кои сите велат ќе останат евергрини. Но, новиот албум на пејачката излегува по единаесет години од нејзиниот прв албум.

11755123_973414472698073_5850542053740354195_n

Албумот „Еден ден“ Тамара го промовираше синоќа во ресторанот на нејзиниот сопруг „Атланта“.

Во присуство на најблиските, пријателите и новинарите, Тамара и нејзиниот тим соработници Роберт Билбилов, Лазар и Магдалена Цветковски, Нино Васков… го покажаа музичкото парче од 13 композиции на кои работеа.

11168857_973415192698001_8165788280682320931_n

 

На албумот како соработници се потпишуваат и Тони Зен, Игор Џмабазов, Франц, Ксенија Николова, Живоин Глишиќ.

 

11693835_973416569364530_3677061377500643265_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top