Гувернерот на американската сојузна држава Висконсин, Скот Вокер, денеска соопшти дека влегува во изборната трка за американски претседател на изборите кои ќе се одржат во 2016 година, пренесе агенцијата Фена.
– Јас сум во трката. Се натпреварувам за претседател бидејќи Американците заслужуваат лидер кој ќе се бори и ќе победува за нив, наведе на Твитер овој 47-годишен Републиканец.
Откако во 2010 година беше избран за гувернер тој воведе план за штедење во буџетот со кој се лимитираат овластувањата на повеќето јавни службеници, пренесе „Раша тудеј“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.