| четврток, 6 декември 2018 |

Будимпешта се откажа од кандидатурата за домаќин на Летните олимписки игри во 2024 година

budimpesta

Будимпешта се откажа од кандидатурата за домаќин на Летните олимписки игри во 2024 година, изјави портпаролот на Владата на Унгарија, Золтан Ковач.

Одлуката заедно ја донеле премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, градоначалникот на Будимпешта, Иштван Тарлос, и Олимпискиот комитет на Унгарија, а таа ќе биде официјална по гласањето во парламентот.

Пред Будимпешта од кандидатурата за домаќин на ОИ 2024 се откажа и Рим, а сега во конкуренција остануваат Лос Анџелес и Париз. Меѓународниот олимписки комитет во септември ќе одлучи кој од овие два града ќе биде домаќин на ОИ во 2024 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top