| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон не можел да влезе на Вимблдон, не го почитувал дрес-кодот

hamilton-500Актуелниот светски првак во Формула 1 и лидер во овогодинешниот шампионат, Британецот Луис Хамилтон не можел да присуствува на финалето на Вимблдон.
Обезбедувањето не го пуштило возачот на Мерцедес да влезе на трибините на централниот терен на тенискиот комплекс во Лондон бидејќи не бил соодветно облечен, јавува Би-Би-Си.

Хамилтон не носел сако, ниту вратоврска, нешто што е задолжително за сите посетители на ВИП ложите.

Инаку, во финалето Србинот Новак Ѓоковиќ го совлада Роџер Федерер и ја одбрани титулата во Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top