Александар Вучиќ, премиерот на Србија изјави дека денешниот напад во Поточари, Босна и Херцеговина не е инцидент, туку добро организиран напад и дека будали има во секој народ.
– Кога излегувавме, одеднаж, една група навивачи на фудбалски клуб од Србија почна со погрдни зборови. Почнаа да фрлаат предмети, а јас сакав да прашам: Зошто ме напаѓате? Зошто ме гаѓате кога ви пружив рака и сакам со вас мир? – изјави Вучиќ на прес-конфренцијата по нападот.
Тој нагласи дека нападот бил добро организиран, но не го организирале семејствата на настраданите.
– Нашите автомобили не се удрени, освен еден, блиндиран. Погоден сум со камен во устата, очилата ми се скршени. Жал ми е за ова што се случи, што некои луѓе не препознаа дека сакам помитување. Но, без разлика што видов таква омраза каква што немам видено досега, мојата рака останува испружена кон босанскиот народ – изјави Вучиќ.
– Будали има во секој народ, не сме ни ние во дефицит – додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



