| четврток, 6 декември 2018 |

Младинците елегантно во втората рунда на ЕП Б-дивизија

magdevski

Младите кошаркари на Македонија елегантно со две убедливи победи се пласираа во втората рунда на Европското првенство Б-дивизија што се игра во Унгарија.

По стартната победа над Белорусија со 77-72, избраниците на селекторот Малинков забележаа уште еден триумф и тоа мошне убедлив со 81-45 против Ерменија.

Од почетокот кога поведовме со 11-0, па се до финишот македонските таленти имаа потполна контрола и доминација на паркетот и лесно славеа со цели 36 поени разлика.

Андреј Магдевски повторно одигра брилијантен меч и постигна 30 поени за 31 минута игра, надополнети со по 6 скока и асистенции.

Одличен беше и центарот Младеновски со 22 поени и 8 скока. Во првата фаза ни останува уште еден меч во групата, против најслабата селекција на Швајцарија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top