| четврток, 6 декември 2018 |

Магдевски во НБА-стил, победа за Македонија против Белорусија (77-72)

Македонската младинска репрезентација забележи значајна победа против Белорусија од 77-72 на стартот од Европското првенство, дивизија Б, што се игра во Унгарија.

Избраниците на селекторот Љупчо Малинков одиграа одличен меч, а блескаше Андреј Магдевски, кој одигра во НБА-стил и забележи 22 поени, 13 асистенции и 7 скока. До трипл-дабл на поранешниот кошаркар на Реал Мадрид му недостасуваа три скока, но најважно е што Македонија победи силен противник.

Покрај Магдевски, со добра игра се истакнаа и центрите Филип Бакоч со 15 поени и 9 скока и Младеновски со 13 поени и 8 скока.

Утре Македонија ќе го игра вториот меч против селекцијата на Ерменија, која на стартот ја надигра Швајцарија и славеше со 71-57.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top