Ова лето во тренд се живи и јаки бои. Сѐ помалку ги има црната, светлокафената и сивата боја, а се препорачуваат розовата, жолтата, зелената и сината боја. Летото е време создадено за овие бои, кои го подобруваат комплетниот изглед, а влијаат позитивно и врз расположението. Тие се едноставно совршено за лето.
Розово
Розовата боја е нежна, мека, блага. Едноставно совршена за жешките летни денови. Може да се комбинира со бела, крем и со други неутрални бои. Розовата е боја што ги истакнува нежноста и женственоста. Оваа боја е задолжителна за ова лето.
Корална боја
Коралната боја станува сѐ попопуларна во последните години, а е совршена за летово токму поради тоа што е јака боја. Универзална е и прилега на секој тип кожа и коса. Има широк дијапазон на нијанси, од флуоресцентно корална боја до темнорозова.
Морнарско сина
Морнарско сина, односно темносина се чини како идеална боја за есен и за зима, но сѐ повеќе станува популарна за лето. Може да се носи сама, но и во комбинација со силни бои, како розово, жолто, боја на малина и слично.
Светлозелена
Оваа боја им прилега на повеќемина, не предизвикува внимание бидејќи е многу нежна. Освен облека во светлозелена, оваа боја може да ја има и на накит, шапки, костим за капење.
Жолта
Жолтата е боја на сонцето, зар има некој што не ја сака? Жолтата боја е една од најпопуларните бои за ова лето. Совршено прилега на потемен тен, но и на русокоси, бринети и на црвенокоси. Дозволено е сѐ – од јако жолто до светложолто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.