| четврток, 6 декември 2018 |

Младинските репрезентативки се во одлична форма пред ЕП во Шпанија

makedonija mladinki

Младата женска ракометна репрезентација на Македонија се наоѓа во одлична форма пред ЕП во Шпанија кое треба да почне на 23 јули во Валенсија.
По успешните квалификации и пласманот на ова ЕП, избраничките на селекторото Симевски продолжуваат со одличните настапи и во подготовките, а во првиот од двата пријателски натпревари против соодветната репрезентација на Србија остварија убедлива победа од 32-19.

Македонија дејствуваше особено импресивно во второто полувреме кога по предноста од 12-10 од првите триесет минути одигра фуриозно и на крајот славеше со дури тринаесет погодоци разлика. Сара Ристовска беше најефикасна во таборот на Македонија со девет, пред Симона Стојановска со осум погодоци.

Двомечот со Србија (вториот натпревар се игра утре) ќе биде само увертира за настапот на ЕП што ќе се одржува во Валенсија почнувајќи од 23 јули. Македонија за противници во групната фаза ќе ги има селекциите на Русија, Литванија и на Германија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top