| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ги прогласи преговорите за неуспешни

заев

Заев ги прогласи преговорите на кои треба да се донесе потврда на договорот постигнат на втори јуни за неуспешни, со што се практично бега од избори, што е резултат на стравот од избори и соочување со народот.

­ Направив се, како претседател на СДСМ, направивме се, како Социјалдемократски сојуз, како опозиција, како граѓани, заедно, низ дијалог, на цивилизиран начин да се дојде до решение за длабоката политичка криза во земјава. Во преговорите Груевски одби да прифати споделени гаранции помеѓу власта и опозицијата за враќање на демократските институции, за враќање на корективите во општеството, за нормализација на државата, за обезбедување услови за регуларни, фер и демократски избори. Бидејќи не е постигната согласност за елементарните демократски вредности што можат да обезбедат реализација на слободната волја на граѓаните, преговорите се неуспешни, рече Заев. Претседателот на СДСМ на денешната прес конференција го обвини премиерот Никола Груевски за одолговлекување на процесот и најави дека наспроти неговиот потпис ставен на договорот од Пржино ќе продолжи со објавување на снимените разговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top