Албанската полиција попладнево ги објави мерките кои ги презема за гарантирањето на редот и безбедноста за утрешната посетата на германската канцеларка Ангела Меркел.
За безбедноста на Меркел се преземени идентични мерки како и за посетата на Папата Франциско на 22 септември лани, како и на српскиот премиер Александар Вучиќ на 27 и 28 мај годинава.
Тоа значи дека за безбедноста ќе се грижат над 1.500 полициски службеници од сите сектори, припадници на гардата, а албанската метропола беше надлетувана со полициски хеликоптери. Ќе биде заpрен сообраќајот низ неколку улици како и паркирање возила на многу улици низ градот.
Меркел и нејзиниот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама ќе имаат заедничка прес конференција. И двајцата ќе се обратат на германско албанскиот економски форум, што почнува во 12 часот. Канцеларката Меркел ќе има одвоена средба и со шефот на албанската држава, Бујар Нишани.
Посетата на Меркел ќе биде втора на еден германски канцелар на Албанија по 1999 година, кога Тирана ја посети канцеларот Герхард Шредел, 12 години по воспоставувањето дипломатски односи меѓу Сојузна Република Германија и Албанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.