Македонскиот олимписки комитет, на барање на Пливачката федерација на Македонија, обезбеди нова врвна олимписка обука на нашите тренери која ќе се изведува во Соединетите Американски Држави.
МОК оваа врвна Олимписка обука ја обезбеди за Јане Карајованов, тренер по пливање кој покрај обуките за врвен и лиценциран тренер по пливање кои ќе ги има во Олимпискиот центар во Колорадо Спрингс и на Универзитетот во Делавер (САД), ќе ја има привилегијата да биде обучуван и во пливачкиот клуб Балтимор (North Baltimore Aquatic Club), клуб од кој потекнува Олимписката и пливачка легенда Мајкл Фелпс. Во соработка со Американскиот и Меѓународниот олимписки комитет како и со Меѓународната пливачка федерација (ФИНА), МОК ја обезбеди оваа нова олимписка обука и е еден од ретките олимписки комитети во светот, ако не и единствен, кој секоја година од почетокот на програмата испраќа тренери од Македонија на усовршување во Олимпискиот центар во Колорадо Спрингс (САД).
Програмата ќе се изведе во периодот 19 Септември до 24 Октомври 2015 година, додека последниот модул ќе заврши на 26 Април 2016 година, во Лозана.
Обуката ќе биде насочена кон основите на спортскиот тренинг, дизајн и планирање на тренинг, идентификација на таленти, спортската медицина, спортски повреди, спортската психологија, нутрицизам, биомеханика, анти-допинг, изработка на микро, мезо и макро циклуси, темпирање на форма, спортски менаџмент, спортски маркетинг и слични содржини кои се неопходни за идентификација на талентирани пливачи и постигнување на врвни спортски резултати на еден спортист.
МОК искрено верува во квалитетите на Јане Карајованов и го искажува своето огромно задоволство од долго годишната блиска соработка со Олимпискиот центар Колорадо Спрингс и што зад себе како најголем поддржувач во насока на унапредување на тренерскиот кадар го има Меѓународниот олимписки комитет, но и Американскиот Олимписки Комитет и претседателот Лери Пробст III како еден од најголемите пријатели на Олимпизмот и спортот во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.