Во рамки на Скопско лето, вечерва, 7-ми јули, ќе биде отворена иложба на слики „Пејсаж омеѓен со сонот” од српскиот сликар Миливоје Новаковиќ – Кањош.
Изложбата ќе биде отворена во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка во 20.30 часот.
Миливоје Новаковиќ – Кањош е академски сликар, магистер по ликовни уметности (сликарство). Роден е 1938 година во Рогатица. Ликовна академија завршил во Белград 1964 во класата на проф. Зоран Петровиќ. Професори му биле и истакнатите сликари: Мило Милуновиќ, Ѓорѓе Андрејевиќ-Кун. Последипломски студии завршил во класата на Цуца Сокиќ и Недељко Гвозденовиќ 1967 во Белград. Пред уписот на ликовна академија приватно учел сликање кај сликарот Јован Бјелиќ.
Живее и активно создава во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.