
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стафановски- Иџе вчеравечер во Србија при враќањето од Италија со својот екипаж дожиевеал собраќајна несреќа. Сепак, неговиот тим преку официјалната страница на „Фејсбук“ ги информираше фановите дека Иџе и екипажот не се повредени, а причинета е материјална штета на приколката и на автомобилот, јави МИА.
– На враќање од трката во Италија, Иџе и неговата екипа имале несреќен случај, при што куката од комбито се скршила и приколката заедно со „митсубишито“ излетале од патот и удриле во банкина. Приколката била речиси неупотреблива а и колата била доста искршена. Екипата, за среќа, е добро, освен претрпениот стрес. Инаку, среќа во несреќа е што во моментот на несреќата немало возила на лентата за претекнување, па така е избегната поголема несреќа – стои во официјалното соопштение на фан-страната на Стефановски.
Стефановски е спортист на Македонија за 2014 година и актуелен европски првак на ридско-брзински патеки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


