| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд и Меркел ја оставаат отворена вратата за преговори со Грција

Францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел изјавија во понеделник дека вратата за враќање кон преговорите за долгот е отворена за Грција, но повикаа и за сериозни и јасни предлози од страна на Атина, јави агенцијата „АФП“.

merkel oland

– Вратата е отворена за преговори и сега и преостанува на владата на Алексис Ципрас да направи сериозни, обмислени предлози, за да може желбата на Грците да останат во еврозоната да се претвори во основа за трајна програма – рече Оланд по средбата со Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top