Серена Вилијамс го доби големото дерби во семејството со победа во два сета против постарата сестра Венус и се пласира во четврт-финалето на Вимблдон.
За еден час и 10 минути Серена славеше со 6-4,6-3 и продолжи во атак на шестата титула на гранслемот во Њу Ингланд клубот. Следна противничка на една од најдобрите тенисерки на сите времиња ќе ѝ биде подобрата од дуелот меѓу Азаренка и Бенчиќ.
Втората недела од лондонскиот граснлем со успех ја продолжија и Коко Вандевеге, која ја елиминира Луси Сафарова со 7-6, 7-6, и Медисон Кијс, која беше поуспешна од Олга Говорцова и славеше со 3-6, 6-4, 6-1.
Кај мажите досега заврши само еден меч, а Вашек Поспишил направи подвиг и анулира негатива од 0-2 во сетови за победа од 3-2 против Виктор Троицки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.