Кога одите на одмор покрај море или езеро, нема потреба постојано да лежите на сонце и да се „пржете“ цел ден за да добиете совршено темен тен. Слободно може да одмарате и под сенка. Потребно е само да внимавате кои намирници ги јадете некое време пред да тргнете на пат, а и подоцна, кога сакате тој тен да потрае подолго.
– Да ја задржите бојата и убавиот тен после одмор, најголема улога игра храната богата со витамин А и Е. Бета-каротенот од витаминот А влијае на што подолго задржување на бронзениот тен, а со тоа и кожата да биде посјајна и помека. Храната која е богата со овие витамини се всушност сите портокалови намирници: моркови, пиперки, целер … Пожелно е да се јадат сурови – вели нутриционистот Гордана Ѓорѓевиќ за „24сата.рс“.
Покрај бронзениот тен, жените најчесто сакаат и да ослабат и тоа за краток рок.
– Оброците треба да бидат што помали, но и чести. Ако сакате да постигнете вистински ефект, не јадете во вечерните часови по 18 часот. Сите зелени зеленчуци може да ги конзумирате во неограничени количини, а овошјето треба да го избегнувате. Ако не можете да му одолеете, јадете го околу 17 часот – вели Гордана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.