| четврток, 6 декември 2018 |

Радески ја засили Шкендија и го урна македонскиот рекорд

Македонскиот репрезентативец Марјан Радески е најновото летно засилување за Шкендија, а трансферот е рекорден во македонски рамки.

Клубот од Тетово ќе му плати на Металург отштета од 150 илјади евра, што е најголема сума платена при трансфер на македонски играч кој преминал од еден во друг домашен клуб.

Претходно истотака во овој преоден рок, рекорд постави Вардар со ангажманот на Дарко Велковски, плаќајќи му на Работнички надомест од 100 илјади евра за 20-годишниот играч.

rade

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top