| четврток, 6 декември 2018 |

Англичаните не го сакаат Новак: Го исфрлија Ѓоковиќ поради Федерер од централниот терен на Вимблдон

Иако е убедливо најдобар тенисер на светот и актуелен шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ в понеделник нема да игра на централниот терен “Ol Ingland klub”.

Организаторите мечот од осминафиналето меѓу Ѓоковиќ и јужноафриканецот Кевин Андерсон го поставија како трет на теренот број еден. Претходно на овој терен ќе играат Марија Шарапова и Зарина Дијас, односно Свен Вавринка и Давид Гофан, а програмата почнува во 14 часот. Мечот на Ѓоковиќ се очекува околу 17.30 часот.

Навистина чудна одлука на организаторот, Ѓоковиќ да не игра на централниот терен и тука да ги постави мечевите на Енди мареј и Роџер Федерер.

Програмата од 14 часот ќе го отвори дуелот на сестрите Серане и Венус Вилијамс,а потоа на теренот ќе излезат Енди Мареј и Иво Карловиќ. И додека одлуката домашниот тенисер да игра на централниот терен може до некаде да се прифати како очекувана, несватливо е мечот меѓу вториот носител Роџер Федерер и 20-от носител , Шпанецот Роберто Беутисте Аугут, кој ја затвора програмата, да има предност во однос на настапот на првиот тенисер на светот против 14-от на светот.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top