Агим Ибраими со неговиот клуб Марибор доживеа непријатен пораз пред почетокот на сезоната во суперкупот на Словенија.
Шампионот Марибор загуби на пенали (3-2) од освојувачот на Купот, тимот на Копер, откако во регуларниот тек мечот заврши без голови.
Ибраими беше еден од изведувачите на пеналите за својот тим, но беше еден од четворицата играчи на шампионот кои не успеаја да го реализираат ударот во пенал рулетот. Победникот беше решен во шестата серија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.