| четврток, 6 декември 2018 |

Расте јавниот долг на Франција

Јавниот долг на Франција во првото тромесечје годинава е зголемен за 51,6 милијарди евра, на 2,09 билиони.

-Тоа изнесува 97,5 отсто од бруто домашниот производ(БДП)“, соопшти францускиот национален институт за статистика ИНСЕЕ.

На тој начин уделот на долгот во БДП е зголемен за 1,9 процентни поени во однос на крајот на минатата година, кога изнесуваше 95,6 отсто, пренесува Танјуг.

Тоа воедно е и најголема стапка забележана од крајот на првото тромесечје во 2012 година.

Со финансиски закон за оваа година, француската Влада предвиде дека јавниот долг на крајот на оваа година ќе изнесува 96,3 отсто од БДП и ќе кулминира на 97 отсто во наредната, за на крајот на 2017 година би требало да изнесува 96,9 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top