Бруто надворешниот долг на Македонија изнесува 8,4 милијарди евра на крајот на вториот квартал од 2018 година и во споредба со претходниот квартал се зголеми за 164 милиони евра, соопшти Народната банка.
Во однос на крајот на 2017 година, бруто надворешниот долг на крајот на јуни 2018 година е повисок за околу милијарда евра. Притоа, во првата половина од 2018 година, долгот врз основа на специфичните активности за управување со девизните резерви на централната банка е зголемен за 293 милиони евра.
Растот на приватниот долг во првата половина од годината се објаснува со зголемените обврски на капитално поврзаните субјекти (за 293 милиони евра) и небанкарскиот приватен сектор (за 149 милиони евра), додека растот на јавниот долг произлегува од зголемените обврски на секторот „држава” (за 309 милиони евра).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.