Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс со многу напор успеа да се пласира во осминафиналето на Вимблдон. Таа синоќа во мечот од третото коло беше на работ од елиминација од британската тенисерка Хетер Вотсон. При резултат 1:1 во сетови Вотсон направи брејк и поведе со 5:4 во гемови во решавачкиот сет и имаше сервис, но сепак до крајот поискусната Серена Вилијамс ги освои следните три гема (два брејка) за победа во мечот.
Нејзина ривалка во осминафиналето ќе биде нејзината сестра Венус Вилијамс. Пласман во следната рунда обезбедија уште: Викторија Азаренка, Белинда Бенчиќ, Марија Шарапова, Зарина Дијас, Коко Вандевеге и Луси Сафараова.
Денеска се играат другите осум мечеви од третото коло на Вимблдон во женска конкуренција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.