| четврток, 6 декември 2018 |

Како да се сочува културното наследство од војна?

По­и­мот „кул­ту­рен ван­да­ли­зам“ не е нов фе­но­мен во арап­ски­от свет. Од 1998 го­ди­на до кра­јот на вој­на­та во Ирак во 2003 го­ди­на се за­бе­ле­жа­ни по­ве­ќе оште­ту­ва­ња на кул­тур­ни­те спо­ме­ни­ци, кои би­ле бом­бар­ди­ра­ни или пљач­ко­су­ва­ни. Ме­ѓу нив се и спо­ме­ни­ци што се на ли­ста­та на за­шти­та на УНЕ­СКО, а при­пад­ни­ци­те на ис­лам­ска­та др­жа­ва не­о­дам­на ги уни­шти­ја со бул­до­жер и со експ­ло­зив

За­шти­та­та на кул­тур­но­то бо­гат­ство во арап­ски­от свет е мно­гу акту­е­лен проб­лем. Во вој­ни­те и во те­ро­ри­стич­ки­те на­па­ди во ми­на­ти­те го­ди­ни се уни­ште­ни без­број спо­ме­ни­ци на кул­ту­ра­та во Си­ри­ја и во Ирак. Во овие зем­ји свет­ско­то кул­тур­но нас­ледс­тво е раз­ур­на­то и уни­шту­ва­ње­то ве­ќе не е за­ка­на, ту­ку таж­на ре­ал­ност. Во Ли­бан, по­у­че­ни од тие искус­тва, На­ци­о­нал­ни­от му­зеј на Бе­јрут ус­пеа да спа­си по­ве­ќе екс­по­на­ти и де­ла од гра­ѓан­ска­та вој­на во Ли­бан. И тоа, пред сѐ, бла­го­да­реј­ќи на то­гаш­ни­от ди­ре­ктор на Му­зе­јот во Бе­јрут, Мо­рис Ше­хаб, и не­го­ва­та со­пру­га Ол­га.

Во 15-го­диш­на­та ли­бан­ска гра­ѓан­ска вој­на „зе­ле­на­та ли­ни­ја“ го де­ле­ла Бе­јрут на исто­чен и на за­па­ден Бе­јрут. Ка­ко изг­ле­да­ло за­сол­ни­ште­то на еден снај­пе­рист де­нес мо­же да се ви­ди на ед­на фо­то­гра­фи­ја ко­ја се на­о­ѓа во На­ци­о­нал­ни­от му­зеј. Фо­то­гра­фи­ја­та и ед­на за­це­мен­ти­ра­на дуп­ка во еден ѕи­ден мо­за­ик се по­тсет­ни­ци на тоа што се слу­чу­ва­ло пред по­ве­ќе од 25 го­ди­ни во тој му­зеј. Пре­ку дуп­ка­та, ко­ја де­нес е за­це­мен­ти­ра­на, еден снај­пе­рист ја др­жел на ни­шан „зе­ле­на­та ли­ни­ја“ ко­ја го де­ле­ла гра­дот на исто­чен и на за­па­ден.

– На­ци­о­нал­ни­от му­зеј на Бе­јрут за вре­ме на гра­ѓан­ска­та вој­на во Ли­бан слу­жел ка­ко еден вид бун­кер. Во не­го­ви­те про­сто­рии би­ле сме­сте­ни па­ра­во­е­ни еди­ни­ци. Му­зе­јот им да­вал стра­те­ги­ска пред­ност би­деј­ќи згра­да­та би­ла во дол­жи­на со „зо­на­та на смрт­та“ ме­ѓу источ­ни­от и за­па­ден Бе­јрут – рас­ка­жу­ва Ана-Ма­ри Афеј­хе, се­гаш­на ди­ре­ктор­ка на Му­зе­јот.

kultura147-2-2

Освен што е уни­штен ѕид­ни­от мо­за­ик во Му­зе­јот, вна­тре мо­же да се нај­дат и дру­ги тра­ги од вој­на­та. И по­крај по­ма­ли­те оште­ту­ва­ња, по­го­ле­ми­от дел од екс­по­на­ти­те во Му­зе­јот ја пре­жи­ве­а­ле вој­на­та во Ли­бан. То­гаш­ни­от ди­ре­ктор Ша­хаб и не­го­ва­та со­пру­га Ол­га по­ма­ли­те об­је­кти ги за­ѕи­да­ле во по­дру­мот на му­зе­јот. Но, ви­стин­ски пре­диз­вик бил ка­ко да се спа­сат го­ле­ми­те об­је­кти што би­ле из­ло­же­ни во му­зе­јот. Иа­ко око­лу нив ка­ко за­шти­та би­ле по­ста­ве­ни вре­ќи со пе­сок и др­ве­ни огра­ди, тие не по­мог­на­ле мно­гу. На крај Ше­хаб ре­шил да ги со­крие те­шки­те сар­ко­фа­зи и ста­туи во бе­тон­ски бло­ко­ви кои би­ле ви­со­ки еден ме­тар.

– Два­е­сет го­ди­ни ни­кој не зна­ел ка­де се на­о­ѓа­ат вред­ни­те екс­по­на­ти од На­ци­о­нал­ни­от му­зеј. Мо­рис Ше­хаб таа тај­на ја од­не­се со се­бе, во гроб. Не оста­ви ни­ту цр­те­жи ни­ту, пак, за­пи­си – рас­ка­жу­ва се­гаш­на­та ди­ре­ктор­ка на му­зе­јот. Таа би­ла ед­на од мал­ку­те чле­но­ви на ма­ло­број­ни­от тим ар­хе­о­ло­зи што влег­ле во му­зе­јот по вој­на­та.

Ко­га во 1996 го­ди­на би­ло ре­ше­ни да се искр­шат бе­тон­ски­те бло­ко­ви и ѕи­до­ви во по­дру­мот на му­зе­јот, из­не­на­ду­ва­ње­то би­ло го­ле­мо.

– На­ци­о­нал­ни­от му­зеј во Бе­јрут има­ше бри­ли­јан­тен ди­ре­ктор, кој, ме­ѓу дру­го­то, имал вре­ме да го скрие кул­тур­но­то нас­ледс­тво. Не­ко­гаш и по­крај по­стој­ни­от план во слу­чај на не­сре­ќа или вој­на, не мо­же да се сто­ри тоа – истак­ну­ва Афеј­хе.

Тр­ка­та со вре­ме­то и мо­ти­ви­те на кул­тур­ни­от ван­да­ли­зам се пре­су­ден фа­ктор во за­шти­та­та на кул­тур­но­то нас­ледс­тво, по­твр­ду­ва Жо­ан Фа­раш Ба­ја­ли, ко­ја е ар­хе­о­лог од Ли­бан.

– Ре­зул­тат на ли­бан­ска­та гра­ѓан­ска вој­на бе­ше и уни­шту­ва­ње­то на умет­нич­ки­те пред­ме­ти. Во таа вој­на не се уни­шту­ва­ше на­мер­но, но во вој­ни­те во Ирак и во Си­ри­ја си­ту­а­ци­ја­та е со­се­ма по­и­на­ква. Та­му на­мер­но се на­па­ѓа и уни­шту­ва кул­тур­но­то нас­ледс­тво – ве­ли Ба­ја­ли.

kultura147-2-3

Таа во сво­и­те пуб­ли­ка­ции се за­ни­ма­ва со „кул­ту­рен ван­да­ли­зам“ кој не е нов фе­но­мен во арап­ски­от свет. Од 1998 го­ди­на до кра­јот на вој­на­та во Ирак во 2003 го­ди­на, таа по­ве­ќе па­ти па­ту­ва­ла во Ирак и ги за­бе­ле­жу­ва­ла оште­ту­ва­ња­та на кул­тур­ни­те спо­ме­ни­ци, кои би­ле бом­бар­ди­ра­ни или пљач­ко­су­ва­ни. Ме­ѓу нив има­ло и спо­ме­ни­ци што се на ли­ста­та на за­шти­та на УНЕ­СКО, кои при­пад­ни­ци­те на ис­лам­ска­та др­жа­ва не­о­дам­на ги уни­шти­ја со бул­до­жер и со експ­ло­зив.

– Да ги по­пра­виш уни­ште­ни­те спо­ме­ни­ци е исто ка­ко да са­каш да ги ожи­ве­еш мр­тви­те. Во вој­на­та во Ирак бев све­док на тоа што исто­ри­ча­ри­те би го на­рек­ле крај на ци­ви­ли­за­ци­ја­та. Де­нес, бла­го­да­реј­ќи на ме­ди­у­ми­те, си­те сме све­до­ци на тоа уни­шту­ва­ње – ве­ли Ба­ја­ли.

До­се­га две стра­те­гии во бор­ба за спа­су­ва­ње на кул­тур­но­то нас­ледс­тво се по­ка­жа­ле ка­ко ефи­кас­ни – пре­вен­ци­ја и кон­тро­ла на иле­гал­но­то про­да­ва­ње ан­ти­кви­те­ти. Уште пред ис­лам­ска­та др­жа­ва да го освои си­ри­ски­от пу­стин­ски град Пал­ми­ра, от­та­му, спо­ред на­во­ди­те на УНЕ­СКО, во Да­маск се пре­фр­ле­ни око­лу 400 ста­туи и ар­те­фа­кти. За да се спре­чи швер­цот со укра­де­ни­те ар­те­фа­кти, арап­ски­те ин­сти­ту­ции на кул­ту­ра­та тес­но со­ра­бо­ту­ва­ат со на­ци­о­нал­ни­те и со ме­ѓу­на­род­ни­те без­бед­нос­ни те­ла.

– На­ша од­го­вор­ност е да ја кон­тро­ли­ра­ме иле­гал­на­та тр­го­ви­ја. Штом дој­де­ме до не­кои ан­ти­кви­те­ти, ги за­мо­лу­ва­ме си­ри­ски­те и ко­ле­ги­те од Ирак да ги иден­ти­фи­ку­ва­ат. Та­ка, ми­на­та­та го­ди­на ус­пе­ав­ме да вра­ти­ме мно­гу ар­те­фа­кти во на­ши­от му­зеј – ве­ли Афеј­хе.

kultura147-2-4

По­стои и трет на­чин ка­ко да се спа­си кул­тур­но­то нас­ледс­тво, а тоа пре­ку сопс­твен при­мер го по­ка­жа и Ше­баб. Тој пра­вил­но ја про­це­нил си­ту­а­ци­ја­та во гра­ѓан­ска­та вој­на и го со­чу­вал на­ци­о­нал­но­то кул­тур­но бо­гат­ство во Му­зе­јот во Бе­јрут за ид­ни­те ге­не­ра­ции.

„Би­ла­ди“ или „Мо­ја­та зем­ја“ е име­то на ор­га­ни­за­ци­ја­та ко­ја ја фор­ми­ра­ла Ба­ја­ли во 2005 го­ди­на и неј­зи­ни­от кон­цепт е мно­гу ја­сен и ед­но­ста­вен. Мла­ди­те ги по­се­ту­ва­ат кул­тур­ни­те спо­ме­ни­ци и на се­ми­на­ри учат за исто­ри­ски­те вр­ски. Цел­та на ор­га­ни­за­ци­ја­та е кај мла­ди­те да се соз­да­де љу­бов кон исто­ри­ско­то нас­ледс­тво и да се на­у­чат ка­ко да го за­шти­тат сво­е­то кул­тур­но нас­ледс­тво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top