| четврток, 6 декември 2018 |

Итар Пејо се враќа на сцената (фото + видео)

-Итар Пе­јо е на­ши­от Хам­лет, а Це­пен­ко на­ши­от Шекс­пир. Мно­гу че­сто се на­вра­ќам на не­го­ви­от „Сил­јан Штр­кот“ и сè по­ве­ќе и под­ла­бо­ко до­а­ѓам до соз­на­ние де­ка, она­ков ка­ков што е на­пи­шан и рас­ка­жан, е не­воз­мож­но да е са­мо пре­не­сен од на­род­ни­те пре­да­ни­ја. За да се со­ста­ви та­ква при­каз­на, по­треб­но е мно­гу ум и ду­ша… Таа при­каз­на е ед­на­ква, па ду­ри и по­до­бра од мно­гу слич­ни при­каз­ни во свет­ска­та ли­те­ра­ту­ра – има из­ја­ве­но Бла­го­ја Спир­ко­ски-Џу­мер­ко, ме­ѓу на­ро­дот поз­нат пре­ку не­го­ви­от Итар Пе­јо од „Со­лун­ски па­тр­дии“.

По Благоја Спирковски доаѓа неговата ќерка Ма­ри­ја Спир­ко­ска-Или­је­ска. Таа го доби ликот на Итар Пејо во римејкот на претставата „Солунски патрдии“, која в петок премиерно ќе биде изведена на сцената на Драмски театар. За „Република“ вели:

– Те­а­тар­ска­та прет­ста­ва се пра­ве­ше во При­леп. Иа­ко бев мно­гу ма­ла, имав мож­ност не­кол­ку­па­ти да вле­зам во таа прет­ста­ва и одоз­го­ра, од ку­ќа­та на Фа­ти­ме, да ја гле­дам прет­ста­ва­та. Бев об­ле­че­на ка­ко оста­на­ти­те акте­ри. Соз­да­вав­ме не­ко­ја сли­ка де­ка го­ре има и ма­ли де­ца, ро­де­ни од де­вој­ки­те во ку­ќа­та на Фа­ти­ме. Бе­ше воз­буд­ли­во. Ни­ко­гаш не по­мис­лу­вав де­ка ќе ја до­би­јам уло­га­та што ја игра­ше та­тко ми. И ко­га ми се ја­ви Ко­ле Ан­ге­лов­ски на те­ле­фон, за ме­не бе­ше шок. Пр­во не зна­ев ка­ко да му со­оп­штам на та­тко ми де­ка ќе го играм ли­кот на Итар Пе­јо. Не зна­ев ка­ко ќе го при­фа­ти се­то тоа. Ко­га му ка­жав, сè по­ми­на во ти­ши­на. Ед­на не­при­јат­на ти­ши­на, онаа ти­ши­на ко­га се ра­ду­ваш, а не са­каш да истак­неш кол­ку се ра­ду­ваш и кол­ку ти зна­чи тоа… На по­че­то­кот тој по­сто­ја­но ве­ле­ше: „Не бе Ма­ри­ја, не та­ка. Не е тоа Пе­јо“… По­ми­на­ле го­ди­ни, тој по­и­на­ку ги гле­да ра­бо­ти­те, де­нес е по­и­на­ков сти­лот на прет­ста­ва­та – до­да­ва Ма­ри­ја, со  ко­ја раз­го­ва­рав­ме на ед­на од костимските про­би.

На сце­на­та се са­мо двај­ца акте­ри. Оста­то­кот од еки­па­та е жен­ска. Актер­ка­та ве­ли де­ка се чув­ству­ва ма­шки пар­фем ко­га ќе се по­ја­ви не­кој од нив. Ко­мен­та­рот на де­вој­ки­те е – ми­ри­са на ма­шко.

solunski-patrdii02

Ра­бо­ти­те са­ми се на­ме­сти­ја за таа да ја до­бие оваа уло­га. Иа­ко Бил­ја­на Бе­ли­ча­нец-Але­ксиќ со ме­се­ци се под­го­тву­ва­ше за прет­ста­ва­та, мо­ра­ше да се пов­ле­че од овој про­ект по­ра­ди кан­ди­да­ту­ра­та за гра­до­на­чал­ник. Ве­ли де­ка, ед­но­став­но, ра­бо­ти­те се слу­чу­ва­ат са­ми од се­бе. Ако не­што тре­ба да се слу­чи, ќе се слу­чи. Неј­зи­ни­те ко­ле­ги од прет­ста­ва­та ве­лат де­ка таа мно­гу лес­но се вкло­пи­ла во прет­ста­ва­та иа­ко поч­на­ла со про­би мно­гу по­доц­на. На по­че­то­кот се пла­ше­ла ка­ко ќе се вкло­пи во но­ва­та сре­ди­на, со акте­ри­те со кои не се поз­на­ва до­бро:

– Имав мал проб­лем да соз­да­дам лик што не­ма да по­тсе­ту­ва на ли­кот на Итар Пе­јо кој го игра та­тко ми. Ја чув­ству­вав не­го­ва­та ин­то­на­ци­ја во мо­јот го­вор и во мо­и­те реп­ли­ки. Ка­ко да го слу­шав не­го. Баш им ве­лев на оста­на­ти­те ка­ко ќе по­стиг­нам јас да на­пра­вам не­што дру­го, а да не по­тсе­ту­ва на глу­ма­та на та­тко ми. Ете, тој мо­мент со ман­џи­те. Беа со­вр­ше­но ка­жа­ни во уло­га­та на Џу­мер­ко. Се­га јас тре­ба да го ка­жам тоа по­и­на­ку и да би­де по­до­бро од она што го пра­вел тој. Ми ре­коа да го пра­вам са­мо она што го чув­ству­вам. И мо­же­би е нај­до­бро да би­де „ко­пи-пејст“. Се сме­ев­ме де­ка фа­ми­ли­ја­та на крај ќе тре­ба да ба­ра автор­ски пра­ва за ли­кот на Итар Пе­јо. И по­са­ку­вам оваа уло­га да ја нас­ле­ди не­кое од мо­и­те две де­ца, ќер­ка­та или си­нот. Се на­де­вам де­ка по 25 го­ди­ни ќе се слу­чи тоа. Јас ја до­бив уло­га­та по 25 го­ди­ни од пре­ми­ер­на­та из­вед­ба во При­леп – се смее Ма­ри­ја, ко­ја има до­би­е­но две на­гра­ди на фе­сти­ва­лот „Вој­дан Чер­но­дрин­ски“, но ни­ко­гаш за глав­на уло­га.

Марија Спиркоска – Илијеска, Билјана Драгичевиќ – Пројковска, Маја Вељковиќ – Пановска, Зоран Љутков, Златко Митрески, Јелена Жугиќ, Трајанка Илиева – Таци, Калина Наумовска, Гордана Ендровска, Марија Кондовска, Валдета Исмаили, Душица Стојановска, Викторија Анѓушева, Катерина Коцевска, Катерина Шехтанска – Лаковска и Александра Павлова се имињата кои ќе се појават новата премиера на претставата Солунски патрдии, закажана за сабота 30 март. Претставата е во режија на Коле Ангеловски, по текст на Миле Попоски.  Коле Ангеловски вели дека првично не му се допаднала идејата повторно да биде поставена старата претстава која го држи рекордот во посетеност. Но подоцна добил идеја тоа да го направи со женска екипа, спротивно на онаа првата претстава поставе на 21 јуни 1979 во Куршумли-ан во Скопје. Во неа  играле Владимир Ангеловски, Мите Грозданов, Димче Мешковски, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски, Сабина Ајрула, Снежана Стамеска, Марин Бабиќ, Стево Спасовски… Со неа започнало скопско лето. Ангеловски тогаш имал 36 години, сега има 70 години.

Остатокот од разговорот со Марија, како и разговорот со режисерот на претставата Коле Ангеловски и уметничкиот директор на Драмски театар Зоран Љутков можете да го прочитате во новиот број на Република кој излегува утре.

httpv://www.youtube.com/watch?v=YhOO8dEr4oM

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top