| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската опозициjа боледува од изборофобиjа

Де­ца­та во све­тот ги пла­шат со ба­у­чи. Во САД со ѓа­во­ли. Кај ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, пак, исти­от ефект се по­стиг­ну­ва со збо­рот „из­бо­ри“. Се­кое пог­лас­но из­го­ва­ра­ње на оваа имен­ка пре­диз­ви­ку­ва па­ни­чен страв кај опо­зи­ци­о­не­ри­те. На охрид­ска­та па­стрм­ка и мо­ли­ка­та ѝ се прик­лу­чи уште еден ма­ке­дон­ски ен­дем­ски вид - опо­зи­ци­о­не­ри што бо­ле­ду­ва­ат од из­бо­ро­фо­би­ја

Се­ка­де во све­тот опо­зи­ци­ја­та се мо­ли да има из­бо­ри. По­са­ку­ва­ат да ги има се­кој ме­сец, па и не­де­ла. Единс­тве­на зем­ја во ко­ја си­ту­а­ци­ја­та е по­ве­ќе од спро­тив­на е Ма­ке­до­ни­ја. И та­ка сме до­ма­ќи­ни на два ен­дем­ски ви­да – охрид­ска­та па­стрм­ка и мо­ли­ка­та, но и на опо­зи­ци­о­не­ри што без проб­лем пет ме­се­ци об­ја­ву­ва­ат не­за­кон­ски здо­би­е­ни раз­го­во­ри, при­тоа ни­кој не ги чеп­ка, а нив­ни гла­вен ар­гу­мент за вра­ќа­ње на сце­на е страш­ни­от ре­жим?! Исти­те тие опо­зи­ци­о­не­ри има­ат и па­то­ло­шки уп­лав од из­бо­ри. Нив­на­та ен­дем­ска фо­би­ја ја ста­ви др­жа­ва­та на кар­та­та на уни­кат­ни оп­штес­тве­ни твор­би, ме­сто ка­де што опо­зи­ци­ја­та бе­га од из­бо­ри?! Мно­гу­ми­на во све­тот си­гур­но се пра­ша­ле чу­му таа чуд­на фо­би­ја, но Ма­ке­дон­ци­те до­бро ја зна­ат па­то­ге­не­за­та на бо­ле­ста.

Не ба­ди­ја­ла, сѐ што мо­же­те да слуш­не­те од опо­зи­ци­ја­та, да­ли тоа би­ло од ли­де­рот, не­го­ви­те чел­ни­ци или при се­којд­нев­ни­те ла­мен­ти­ра­ња пред Вла­да, е „вра­ќа­ње­то на сло­бо­да­та“, „сло­бо­да“, и пак „сло­бо­да“. Ко­га не­ма­те да по­ну­ди­те ни­што по­до­бро од про­тив­ни­кот, ко­га не­ма­те ни­ту „П“ од про­гра­ма, ни­ту, пак, иде­ја ка­ко да дој­де­те до неа, вие ка­жу­ва­те ед­на го­ле­ма, не­ре­ал­на ла­га и цвр­сто се др­жи­те за неа. На­стра­на што и Ге­белс се пре­вр­ту­ва во гро­бот од не­ар­гу­мен­ти­ра­на­та и ло­шо сра­бо­те­на упо­тре­ба на не­го­ва­та при­ка­ска по­ста­ра од се­дум де­це­нии. При­тоа, се кр­сти­те де­ка на ва­ши­от пат кон ре­но­ви­ра­ни­те кан­це­ла­рии на „Илин­ден­ска“ бр. 2 ќе на­и­де­те на тол­кав број не­за­до­вол­ни­ци, кои, иа­ко свес­ни де­ка про­да­ва­те „ве­тер и маг­ла“, ќе из­ле­зат на из­бо­ри и ќе ве под­др­жат. А тоа е мно­гу „тен­ко“. Ве­лат де­ка на­деж­та за по­бе­да пос­лед­на уми­ра на „Па­вел Ша­тев“, но и де­ка стра­вот од мно­гу по­ве­ро­јат­ни­от по­раз из­ви­ра од ли­ца­та на вр­ху­шка­та. Зат­скри­ва­ње­то на сопс­тве­на­та нес­по­соб­ност со „бор­ба за сло­бо­да“ за Ма­ке­дон­ци­те е одам­на про­чи­та­на при­ка­ска, а соз­на­ни­е­то за овој, за нив мно­гу бо­лен мо­мент, е ос­но­ва­та на ви­ру­сот што со бр­зи­на на свет­ли­на­та се про­ши­ри низ опо­зи­ци­о­не­ри­те. Во по­тра­га по ле­кот на­ре­чен од­ло­жу­ва­ње на про­па­ста или из­бо­ри­те, ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја ста­на па­ци­ент со те­шко из­ле­чи­ва из­бо­ро­фо­би­ја. Ре­цеп­тот што тре­ба да ги из­ле­ку­ва е ед­но­ста­вен и се ви­ка до­би­ва­ње власт без оваа „страш­но“ ди­рект­но со­о­чу­ва­ње со гла­са­чи­те. Ле­кот се ви­ка пре­од­на вла­да, ама и ту­ка се пре­бир­ли­ви или, по­до­бро ка­жа­но, фо­бич­ни. Ка­ква и да е, са­мо да го не­ма Ни­ко­ла Гру­ев­ски во неа?! Проб­ле­мот ви е на­ви­сти­на го­лем. И по сра­бо­те­но­то и по реј­тин­гот. За­тоа, нај­ед­но­ста­вен на­чин за да ја из­ле­ку­ва­те сво­ја­та де­це­ни­ска фо­би­ја е да го трг­не­те глав­ни­от опо­нент и преч­ка за ва­ше пар­ти­ско ис­це­лу­ва­ње.

 

Иван Ис­це­ли­те­лот и ба­ба Да­ра со пол­ни ра­це ра­бо­та

Фо­би­ја­та од со­о­чу­ва­ње со на­ро­дот, кој нив­ни­те „су­персдс­мов­ци“ и кан­ди­да­ти за пре­тсе­да­тел Фрч­ко­ски и Пен­да­ров­ски ми­лу­ва­ат да го на­ре­ку­ва­ат сто­ка и го чу­ва­ат во тр­ла и ка­фе­зи, пре­диз­ви­ку­ва гро­теск­на, исп­ла­ше­на фа­ци­јал­на екс­пре­си­ја на нив­ни­те ли­ца. Ту­ка не ви по­ма­га­ат ни­ту 12 ми­ли­о­ни евра в џеб, ни­ту сто­ти­ци ил­ја­ди евра од са­мо­нап­ла­те­на ки­ри­ја. Бол­ка­та рас­те про­пор­ци­о­нал­но со шла­ка­ни­ци­те од чел­ни­ци­те на ЕУ, кои са­мо за да ја со­чу­ва­ат ва­ша­та, ба­рем лаж­на, при­себ­ност и ко­о­пе­ра­тив­ност, ви „пу­шта­ат во­да“ и мал­ку При­бе, или бе­ше „при­де“. Сѐ, са­мо за да не се ра­ди­ка­ли­зи­ра­те. Иа­ко, европ­ски­те еки­ми, очиг­лед­но, не зна­ат де­ка ва­ши­те нај­а­ви за ра­ди­ка­ли­за­ци­ја се са­мо уште ед­на па­то­ло­шка ма­ни­пу­ла­ци­ја. За сѐ, па и за таа фа­моз­на ра­ди­ка­ли­за­ци­ја и љу­бе­на гра­ѓан­ска не­пос­луш­ност ви тре­ба на­род. Ве­лат де­ка од ова ра­це три­јат са­мо ба­ја­чи­те и ис­це­ли­те­ли­те. Иван и ба­ба Да­ра смис­ли­ле ду­зи­на на­род­ни „иља­чи“ за по­ни­шту­ва­ње на овој опо­зи­ци­ски урок. Еден од нив е и бал­са­ми­ра­на ше­па од лил­јак, со па­лец бе­ле­жан со си­но ма­сти­ло. По­ра­ди оп­сед­на­то­ста со бом­би, им но­се­ле и гра­на­ти М-52, М-75. Ба­ди­ја­ла. Да­ва­ле и со­ве­ти – ка­ко да се за­шти­тат од уро­кот. Мо­же­би за­тоа и „по­у­ба­ва­та“ ли­дер­ска по­ло­ви­на но­си тол­ку ска­па гар­де­ро­ба и чан­ти – за да ги от­трг­не урок­ли­ви­те очи од се­бе? Ко­шу­ла­та што ја но­си ли­де­рот и не ја сме­ни це­ли пет ме­се­ци, по­ми­на­ла пет раз­лич­ни ба­јач­ки и ан­ти­у­рок­ли­ви се­ан­си, сѐ за не­го­ва за­шти­та. И тоа ба­ди­ја­ла… По­крај си­те ма­ки, изо­ста­на оче­ку­ва­но­то „чи­ри-бу, чи­ри-ба“ од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца, кое, ка­ко и се­ко­гаш до­се­га во исто­ри­ја­та на пар­ти­ја­та, тре­ба­ше да ги из­ле­ку­ва. И вра­ти на власт.

 

analiza147-2

Ле­кот за из­бо­ро­фо­би­jа­та е во но­ви из­бо­ри

Фо­би­ја­та (грч­ки phobos – страв, бег­ство) е изра­зен, тра­ен страв, нај­че­сто пре­ин­тен­зи­вен, а се по­ја­ву­ва во вр­ска со оче­ку­ва­ње на спе­ци­фи­чен об­јект или си­ту­а­ци­ја. На­уч­но­то об­јас­ну­ва­ње е де­ка стра­вот ста­ну­ва фо­би­ја ко­га поч­ну­ва да ги оне­воз­мо­жу­ва во актив­но­сти­те што до то­гаш со лес­но­ти­ја ги вр­ше­ле или ужи­ва­ле во нив (во слу­чај на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја – пра­кти­ку­ва­ње­то на вла­ста). Кој е нај­до­бри­от лек за фо­би­ја­та? Свет­ски­те пси­хо­ло­зи ов­де се ед­ног­лас­ни и ка­ко нај­до­бра те­ра­пи­ја пре­по­ра­чу­ва­ат т.н. со­став­на де­сен­зи­та­ци­ја, од­нос­но – по­сте­пе­но из­ло­жу­ва­ње на лич­но­ста, во овој слу­чај гру­па­та, на пред­ме­тот или си­ту­а­ци­ја­та од ко­ја се пла­шат. Ос­нов­на­та пре­по­ра­ка на пси­хо­ло­зи­те е та­кви­от вид из­ло­жу­ва­ње да се по­вто­ру­ва по­ве­ќе па­ти за те­ра­пи­ја­та да за­вр­ши ус­пеш­но. Кра­јот на фо­би­ја­та го гле­да­ат во мо­мен­тот ко­га лич­но­ста, или гру­па­та, ќе пре­ста­не да се чув­ству­ва не­при­јат­но во си­ту­а­ци­ја­та што ѝ изг­ле­да­ла страш­на. Ло­ги­ка­та е ед­но­став­на. Во слу­ча­јот на ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја, ко­ја има страш­на фо­би­ја од из­бо­ри, по­тре­би се но­ви из­бо­ри за да ги из­ле­ку­ва­ат. Нај­ве­ро­јат­но, мно­гу би им по­мог­на­ле тие во април 2016 го­ди­на, но тие и на­та­му ма­зо­хи­стич­ки бе­га­ат од сопс­тве­ни­от лек, про­дол­жу­вај­ќи ја сво­ја­та фо­би­ја и аго­ни­ја­та што ѝ ја на­мет­наа на це­ла­та др­жа­ва. Ре­цеп­тот из­бо­ри, очиг­лед­но, ста­сал и до европ­ски­те пси­хи­ја­три, кои го при­ме­ни­ја од Бри­сел. Се­га, опо­зи­ци­о­не­ри­те се кр­стат во аме­ри­кан­ски­от при­стап на д-р Ну­ланд, не зна­еј­ќи де­ка таа го но­си исти­от лек. Спе­ци­ја­ли­сти­те пре­по­ра­чу­ва­ат и упо­тре­ба на ан­кси­о­ли­ти­ци, но нив­на­та дол­го­трај­на упо­тре­ба не е пре­по­рач­ли­ва. Осо­бе­но, не 10-го­диш­на упо­тре­ба…

 

Гру­ев­ски : За­ев = 9 : 1, оно­ма­сти­ка­та на иста ли­ни­jа со реj­тин­зи­те

Ос­нов­на­та при­чи­на за опо­зи­ци­ска­та из­бо­ро­фо­би­ја ле­жи во реј­тин­зи­те. Свес­ни де­ка и по­крај 40 пе­тар­до­ид­ни „бом­би“, сли­ка­та на по­ли­тич­ка­та сце­на во­оп­што не е сме­не­та, стра­вот од из­бо­ри е по­ве­ќе од ре­а­лен. До­де­ка тие крај­но не­га­ти­ви­стич­ки де­то­ни­раа са­мо­за­мис­ле­ни експ­ло­зив­ни на­пра­ви, нив­ни­те по­ли­тич­ки опо­нен­ти те­раа по­зи­тив­на по­ли­ти­ка на но­се­ње стран­ски ин­ве­сти­ции, ра­бот­ни ме­ста, мер­ки за со­ци­јал­ни­те ка­те­го­рии, гра­деа па­ти­шта и ред дру­ги по­те­зи што тре­ба да го по­до­брат жи­во­тот на гра­ѓа­ни­те. Овие дру­ги­те, пак, ја вра­ќаа са­мо­за­мис­ле­на­та „сло­бо­да“, по­вре­ди­ја 38 по­ли­цај­ци, ну­деа ал­бан­ски во гра­дин­ки­те, ре­о­тво­ра­ње на Рам­ков­ни­от до­го­вор итн. Не ба­ди­ја­ла, нив­ни­те спро­ве­ду­ва­чи на ан­ке­ти, свес­ни за со­од­но­сот на си­ли­те на те­рен, очај­нич­ки ба­ра­ат ра­ди­ка­ли­за­ци­ја. Не­ми­нов­но­ста на по­ра­зот ви­си над вр­ху­шка­та, но и над пар­ти­ја­та што ја узур­пи­раа со сво­и­те не­до­вет­ни игри и по­те­зи. Слу­чај­но или не, но и оно­ма­сти­ка­та се нај­де на иста ли­ни­ја со по­ли­тич­ки­те реј­тин­зи. Спо­ред по­да­то­ци­те до­стап­ни на ин­тер­нет-стра­ни­ца­та на Др­жав­ни­от за­вод за ста­ти­сти­ка, За­ев гу­би со по­ве­ќе од 9:1 од Гру­ев­ски. Во Ма­ке­до­ни­ја, 42 ли­ца го но­сат пре­зи­ме­то на стру­мич­ки­от гра­до­на­чал­ник и ли­дер на СДСМ. Исто пре­зи­ме со акту­ел­ни­от пре­ми­ер и ли­дер на ВМРО-ДПМНЕ, пак, во мо­мен­тов има­ат 396 Ма­ке­дон­ци. Со­од­но­сот би бил уште по­го­лем ко­га на кон­то­то на пре­зи­ми­ња би ги до­да­ле из­вед­би­те без „В“ кај Гру­ев­ски. Кај За­ев тоа не е воз­мож­но, ка­ко и ред дру­ги ра­бо­ти. Пос­лед­ни­те ан­ке­ти, пак, ка­ко таа на ре­но­ми­ра­ни­от аме­ри­кан­ски ИРИ (26 фе­вру­а­ри 2015 го­ди­на) збо­ру­ваа за ре­зул­тат 6:1 ме­ѓу по­ли­тич­ки­те опо­нен­ти. Не­о­фи­ци­јал­но, акту­ел­ни­те ре­зул­та­ти се уште по­страш­ни. И за СДСМ и за За­ев.

 

analiza147-3

ЕУ со пла­це­бо-ефект за из­бо­ро­фо­би­jа­та на СДСМ

Со­о­чен со нај­а­ви­те на СДСМ за на­пу­шта­ње на пре­го­во­ри­те и не­бу­лоз­ни­те об­ви­ну­ва­ња за Хан, Бри­сел се оби­де да ја из­ле­ку­ва из­бо­ро­фо­би­ја­та на пар­ти­ја­та со пла­це­бо-ефе­ктот на­ре­чен При­де. До­ка­жа­но е де­ка не­вро­хе­ми­ја­та на пла­це­бо-ефе­ктот мо­же на­ви­сти­на да ја на­ма­ли бол­ка­та, т.е. де­ка лаж­ни­от лек пре­диз­ви­ку­ва ос­ло­бо­ду­ва­ње при­род­ни анал­ге­ти­ци кај лу­ѓе­то. Зо­што да не и кај ли­де­ри­те и пар­ти­и­те? За­тоа ЕУ го ста­ви во по­гон „Из­ве­шта­јот При­де“, кој по стре­сот што им го пре­диз­ви­каа Хан и Јун­кер, тре­ба­ше да ги вра­ти во нор­ма­ла, или, по­ве­ро­јат­но – на из­бо­ри и во Со­бра­ние.

 

Tanja-Karakamiseva-analizaКа­ра­ка­ми­ше­ва: Со пер­цеп­ции, ин­ди­ции и со не­за­кон­ски прис­лу­шу­ва­ни те­ле­фон­ски раз­го­во­ри до екс­перт­ски из­ве­штај за РМ

Ед­на од ре­тки­те што ре­а­ги­раа на не­бу­лоз­ни­от из­ве­штај бе­ше проф. д-р Та­ња Ка­ра­ка­ми­ше­ва од Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је. РМ го до­би до­се­га прав­но нај­скан­да­лоз­ни­от из­ве­штај за со­стој­би­те во зем­ја­та, ве­ли таа за „Ре­пуб­ли­ка“. Прав­на­та скан­да­лоз­ност на из­ве­шта­јот ја ба­зи­ра врз не­кол­ку па­ра­ме­три.

КАРАКАМИШЕВА: Из­ве­шта­јот во ре­чи­си ед­на по­ло­ви­на од со­др­жа­ни­те ин­фор­ма­ции е зас­но­ван на не­чии пер­цеп­ции, по­сто­е­ње не­ка­кви ин­ди­ции и, нај­скан­да­лоз­но од сѐ, врз ос­но­ва на прис­лу­шу­ва­ни­те те­ле­фон­ски раз­го­во­ри до­би­е­ни и об­ја­ву­ва­ни на не­за­кон­ски на­чин. Кон­ста­та­ци­и­те и пре­по­ра­ки­те за со­стој­би­те во пет­те сфе­ри што се наб­љу­ду­ва­ни се зас­но­ва­ни врз из­во­ри на ин­фор­ма­ции што во пра­во­то не мо­жат ни слу­чај­но да би­дат де­фи­ни­ра­ни ка­ко из­во­ри. Не­за­кон­ско­то прис­лу­шу­ва­ње те­ле­фон­ски раз­го­во­ри е се­ри­оз­но де­ло што се каз­ну­ва. И са­мо­то об­ја­ву­ва­ње на ва­кви­те раз­го­во­ри е де­ло што се каз­ну­ва. А де­ло што се каз­ну­ва не мо­же да би­де прав­на ос­но­ва за до­не­су­ва­ње се­ри­оз­ни пре­по­ра­ки за зем­ја­та.

До­ка­зи­те со­бра­ни на не­за­кон­ски на­чин или со кр­ше­ње на чо­ве­ко­ви­те сло­бо­ди и пра­ва не мо­жат да се ко­ри­стат ни­ту во каз­не­на­та по­стап­ка, ни­ту во ко­ја би­ло дру­га по­стап­ка во зем­ја­та, а уште по­мал­ку мо­жат да би­дат до­ка­зи врз кои ќе се упа­ту­ва на одре­де­ни си­стем­ски сла­бо­сти во зем­ја­та, ве­ли Ка­ра­ка­ми­ше­ва, а уште по­мал­ку не­чии суб­је­ктив­ни пер­цеп­ции, или не­ка­кви не­про­ве­ре­ни ин­ди­ции, мо­жат да би­дат прав­на ос­но­ва за кон­ста­ти­ра­ни сла­бо­сти.

КАРАКАМИШЕВА: Из­ве­шта­јот не­ма пре­циз­на ме­то­до­ло­ги­ја што мо­ра да би­де дел од се­кое се­ри­оз­но истра­жу­ва­ње, ги не­ма на­ве­де­но со име и пре­зи­ме искус­ни­те струч­ња­ци што го под­го­тву­ва­ат из­ве­шта­јот за да мо­же да се ре­а­ги­ра не са­мо на по­ли­тич­ко, ту­ку и на на­уч­но ни­во. Но­си­те­лот При­бе мо­же да би­де но­си­тел. Но, гру­па­та искус­ни струч­ња­ци со име и пре­зи­ме не смее да би­де изо­ста­ве­на. И ка­кви се тоа искус­ни струч­ња­ци по вла­де­е­ње на пра­во­то ко­га ди­рект­но го по­вре­ду­ва­ат ос­нов­но­то на­че­ло на вла­де­е­ње­то на пра­во­то-на­че­ло­то на за­ко­ни­тост.

Из­ве­шта­јот е на­пра­вен со, ка­ко што се ве­ли, по „те­рен­ска по­се­та на зем­ја­та“ три­па­ти по два де­на. Ка­ра­ка­ми­ше­ва пра­шу­ва да­ли е тоа до­вол­но вре­ме за да мо­жат ано­ним­ни­те струч­ња­ци да се за­поз­на­ат со со­стој­би­те во зем­ја­та? Да­ли не­кол­ку­те ин­терв­јуа што се на­пра­ве­ни со не­поз­нат број ли­ца, и нив­ни­те ин­ди­ции и пер­цеп­ции, мо­жат да би­дат до­вол­но си­лен до­каз за гра­де­ње ва­кви се­ри­оз­ни об­ви­ну­ва­ња про­тив вла­ста, но и за гра­де­ње кон­ста­та­ции и да­ва­ње пре­по­ра­ки за зем­ја­та?

КАРАКАМИШЕВА: Ста­во­ви­те во Из­ве­шта­јот во го­лем дел не ко­рес­пон­ди­ра­ат со кон­ста­та­ци­и­те со­др­жа­ни во ре­дов­ни­те из­ве­штаи, кои ко­ми­си­ја­та ги пра­ви се­ко­ја го­ди­на ка­ко ре­зул­тат на де­тал­но кон­ти­ну­и­ра­но наб­љу­ду­ва­ње на си­те со­стој­би во зем­ја­та, вклу­чи­тел­но и овие со­стој­би.

 

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 147. број на неделникот „Република“, 26.06.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top