| четврток, 6 декември 2018 |

Се враќа ли времето на Стенковец, Бојане, Непроштено…

За вре­ме на од­бе­ле­жу­ва­ње­то на 25-го­диш­ни­на­та од па­дот на Бер­лин­ски­от ѕид ор­га­ни­за­то­ри­те на 9 но­ем­ври ми­на­та­та го­ди­на во воз­дух пу­шти­ја 8.000 освет­ле­ни ба­ло­ни. Ба­ло­ни­те од­бе­ле­жаа ли­ни­ја дол­га 15 ки­ло­ме­три по ко­ја се про­те­гал ори­ги­нал­ни­от, се­га ур­нат ѕид, кој го разд­во­ју­ва­ше Бер­лин на исто­кот и на за­па­дот. Ре­чи­си си­те ба­ло­ни ги до­жи­ве­а­ја ка­ко крај на ед­на ера на зло­то во ко­ја со де­це­нии ве­штач­ки беа од­де­ле­ни се­мејс­тва, бра­ќа, при­ја­те­ли и род­ни­ни. Но има­ше и та­кви што ба­ло­ни­те ги оце­ни­ја ка­ко по­че­ток на но­ва ера во ко­ја ако по­ма­га­ат за ста­бил­но­ста на „ста­ра Евро­па“ ѕи­до­ви­те не мо­ра да би­дат ап­со­лут­но зло. Пад­наа ли дел од овие ба­ло­ни во Ма­ке­до­ни­ја, Укра­и­на, Бал­ка­нот , Ун­га­ри­ја, Ита­ли­ја и во Сре­до­зем­но Мо­ре?

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Глав­на­та те­за за гра­де­ње на но­ви­от ѕид е со две идеи. Пр­ва­та е да се спре­чи нап­ли­вот од бе­га­л­ци од ре­ги­о­нот во Гер­ма­ни­ја, ка­де што са­мо во пос­лед­ни­ве пет ме­се­ци при­стиг­на­ле око­лу 100.000 ази­лан­ти (нај­го­лем број од Ко­со­во и од Ал­ба­ни­ја) и вто­ра­та е зем­ји­те од Бал­кан да би­дат ста­бил­ни и да ап­сор­би­ра­ат го­лем дел од ре­ал­ни­те бе­гал­ци од Си­ри­ја, Ирак и од Авга­ни­стан, кои се трг­на­ти кон за­пад­на Евро­па. Ма­ке­до­ни­ја ка­ко дел од глав­на­та мар­шру­та на бе­гал­ци­те, кои од конф­ликт­ни­те зо­ни на Бли­ски­от Исток се оби­ду­ва­ат да стиг­нат до бо­га­ти­те за­пад­ни др­жа­ви, се на­о­ѓа во се­ри­оз­на опас­ност да ста­не зем­ја во ко­ја ќе за­вр­шат си­те та­кви оби­ди. До­кол­ку се ре­а­ли­зи­ра­ат за­ка­ни­те од Ун­га­ри­ја, Ср­би­ја и од Бу­га­ри­ја за це­лос­на бло­ка­да на еми­гран­ти­те од Си­ри­ја, Ирак и од Авга­ни­стан и ако не за­пре на­сил­но­то вра­ќа­ње­то на бе­гал­ци­те што ус­пе­а­ле да ја по­ми­нат се­вер­на­та гра­ни­ца кај Та­ба­нов­це, зем­ја­та ќе мо­ра да гра­ди но­ви бе­гал­ски кам­по­ви ка­ко во 1999 го­ди­на, ко­га при­ми по­ве­ќе 350.000 ко­сов­ски бе­гал­ци.

Во ус­ло­ви ко­га Гр­ци­ја не са­мо што не пра­ви ни­што за да им обез­бе­ди по­до­бар жи­вот, ту­ку и на­мер­но ги про­пу­шта да вле­зат во Ма­ке­до­ни­ја, а по­тоа не са­ка да ги при­ми на­зад ка­ко што пред­ви­ду­ва­ат пра­ви­ла­та на ЕУ, зем­ја­та се со­о­чу­ва со но­ва кри­за, мно­гу по­го­ле­ма од таа во 1999 го­ди­на. При­чи­ни­те се по­ве­ќе. Нај­важ­на ме­ѓу нив е што, за раз­ли­ка од то­гаш, ко­га Ко­со­во и бе­гал­ци­те од та­му беа ед­на од гло­бал­ни­те ме­ѓу­на­род­ни топ-те­ми, пред сè по­ра­ди оби­дот на НА­ТО да го сим­не од власт Сло­бо­дан Ми­ло­ше­виќ, се­га кри­за­та е на мар­ги­ни­те на свет­ски­те аген­ции. За неа пи­шу­ва­ат ме­ди­у­ми­те, но не­ма по­ли­тич­ка вол­ја за САД и за ЕУ да се со­о­чат со овој проб­лем, кој е да­ле­ку од нив­ни­те гра­ни­ци. Се раз­би­ра, по­ра­ди тоа не­ма ни актив­но­сти на ви­со­ки­от ко­ме­са­ри­јат за бе­гал­ци при Обе­ди­не­ти­те на­ции, кој во екот на ко­сов­ска­та кри­за рас­по­ла­га­ше со де­се­ти­ци ми­ли­о­ни до­ла­ри за со­о­чу­ва­ње со Ко­сов­ци­те што беа згри­же­ни во Ма­ке­до­ни­ја. Се раз­би­ра, за­се­га не мо­же да се спо­ре­ду­ва со таа 1999 го­ди­на, пред сè, по­ра­ди мно­гу по­ма­ли­от број бе­гал­ци што па­ту­ва­ат кон Евро­па, но ако не­ма про­ме­на во при­ста­пот на ре­ша­ва­ње на ра­бо­ти­те, на­ско­ро ра­бо­та­та мо­же да би­де кри­тич­на. И ту­ка до­а­ѓа­ме до вто­ри­от ва­жен ас­пект на проб­ле­мот, не­го­ви­от вре­мен­ски оп­сег. Спо­ред про­це­ни­те на дел од раз­уз­на­вач­ки­те аген­ции од конф­ликт­ни­те ре­ги­о­ни на Бли­ски­от Исток (бе­гал­ци­те од зем­ји­те од МАГ­РЕБ па­ту­ва­ат пре­ку тра­са што во­ди во Ита­ли­ја) на мар­шру­та­та пре­ку Тур­ци­ја, Гр­ци­ја и Ма­ке­до­ни­ја до­се­га па­ту­ва­ле по­ве­ќе од 500.000 лу­ѓе (го­лем дел од нив ве­ќе по­ба­ра­ле азил во ЕУ), а на пат се под­го­тву­ва­ат уште еден до два ми­ли­о­на лу­ѓе од Ирак, Си­ри­ја и од Авга­ни­стан. А про­це­сот на ста­би­ли­зи­ра­ње на со­стој­ба­та во тој ре­ги­он сè уште не­ма да поч­не и конф­ли­кти­те, нај­ве­ро­јат­но, ќе тра­ат во на­ред­ни­ве не­кол­ку го­ди­ни. Са­мо ед­на де­сет­ти­на од оваа број­ка, ду­ри и таа да би­де под еден ми­ли­он, да оста­не во Ма­ке­до­ни­ја, зем­ја­та ќе ко­ла­би­ра. Ко­га се збо­ру­ва за ко­сов­ски­те 350.000 бе­гал­ци во 1999 го­ди­на тре­ба да се знае де­ка тие не дој­доа си­те одед­наш, го­лем дел од нив беа пре­фр­ле­ни во за­пад­ни зем­ји пре­ку воз­ду­шен мост, а ка­ко од­лич­на ло­ги­сти­ка пос­лу­жи­ја и ал­бан­ски­те и ром­ски­те се­мејс­тва, кои при­фа­ти­ја де­се­ти­ци ил­ја­ди бе­гал­ци во сво­и­те до­мо­ви.

Се­га ова сце­на­рио е да­леч­но. те­шко е да се по­ве­ру­ва де­ка ЕУ или САД, кои и та­ка се на удар на ази­лан­ти и на иле­гал­ни еми­гран­ти, ќе ор­га­ни­зи­ра­ат ави­о­пре­воз за но­ви ази­лан­ти, Ал­бан­ци­те и Ро­ми­те не­ма да би­дат со­ли­дар­ни со бе­гал­ци­те од Бли­ски­от Исток ни­ту УНХЦР (ко­ја се гри­жи за 20 ми­ли­о­ни дру­ги бег­ла­ци низ све­тот и ко­ја ку­бу­ри со па­ри) ќе мо­же да ин­тер­ве­ни­ра во но­ва­та евен­ту­ал­на кри­за. Ако се ана­ли­зи­ра­ат број­ки­те на бе­гал­ци­те што ги опи­шу­ва Ун­га­ри­ја ка­ко ви­со­ки, за нив 3.000 бе­гал­ци се прем­но­гу, то­гаш што тре­ба да зна­чи тоа за Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја не­ма ни ед­на де­сет­ти­на од бу­џе­тот на офи­ци­јал­на Бу­дим­пе­шта. Ма­ке­до­ни­ја ка­ко ед­на од нај­си­ро­маш­ни­те зем­ји во Евро­па не мо­же да си доз­во­ли при­стој­но со­о­чу­ва­ње со ко­ја би­ло број­ка по­го­ле­ма од не­кол­ку сто­ти­ни бе­гал­ци. Се­ко­ја број­ка по­ви­со­ка од 10.000 бе­гал­ци, кои, не по сво­ја вол­ја, би би­ле ста­ци­о­ни­ра­ни на ма­ке­дон­ска те­ри­то­ри­ја, ќе прет­ста­ву­ва не са­мо опа­сен то­вар за бу­џе­тот ту­ку и опас­ност за на­ци­о­нал­на­та без­бед­ност. Ма­ке­до­ни­ја, ед­но­став­но, не­ма со­од­вет­ни ка­па­ци­те­ти да ги на­хра­ни, да им обез­бе­ди сме­сту­ва­ње, но не­ма ни мож­ност да ги про­ве­ри да­ли се ви­стин­ски бе­гал­ци што бе­га­ат под на­ле­тот на вој­на­та или, пак, се вмет­на­ти акти­ви­сти на ра­ди­кал­ни ор­га­ни­за­ции што има­ат по­и­на­кви це­ли од жр­тви­те на конф­ли­кти­те. Член­ки­те на ЕУ има­ат не са­мо мо­рал­на, ху­ма­на об­вр­ска да се со­о­чат со бе­гал­ци­те, си­те тие се пот­пис­ни­ци на Кон­вен­ци­ја­та за бе­гал­ци на Обе­ди­не­ти­те на­ции со ко­ја се утвр­де­ни пра­ва­та на бе­гал­ци­те и об­вр­ски­те на член­ки­те на ОН. Об­вр­ска­та на бо­га­ти­те член­ки, иа­ко ни­ка­де не е на­ве­де­но, е уште по­го­ле­ма за­тоа што ако ста­бил­ни­те и бо­га­ти зем­ји не ја спро­ве­ду­ва­ат кон­вен­ци­ја­та то­гаш ма­ли­те сла­би си­ро­маш­ни и не­ста­бил­ни де­мо­кра­тии ни­ко­гаш не­ма да би­дат во мож­ност да им по­мог­нат на бе­гал­ци­те.

 

За­пад­ни­те Бал­кан­ци по 0,4 евра, Гр­ци­те по 33.000 евра па­ри од ММФ

Мож­но ли е Евро­па на­мер­но да го оста­ва не­раз­ви­ен овој дел од Евро­па со цел да би­де сво­е­вид­на там­пон-зо­на, фил­тер, на исто­кот кон за­па­дот. Тоа е за­бе­леж­ли­во не са­мо во оваа криз­на си­ту­а­ци­ја, ту­ку и во де­лот на под­др­шка­та што Евро­па му ја да­ва на За­па­ден Бал­кан за еко­ном­ски раз­вој. Ако по­стои искре­на на­ме­ра во Бри­сел да се по­мог­не на овој дел од Евро­па, во 21 век не се по­треб­ни ви­со­ки ѕи­до­ви за да се спре­чи про­ток на лу­ѓе. Иа­ко дел од европ­ски­те зем­ји гра­дат и ва­ков вид об­је­кти од ту­ла и од бе­тон, тие не се се­ко­гаш не­оп­ход­ни. Ром­ска­та на­сел­ба во Пра­га пред де­се­ти­на го­ди­ни, на­сил­но­то исе­лу­ва­ње на др­жав­ја­ни од Бу­га­ри­ја и од Ро­ма­ни­ја од иле­гал­ни кам­по­ви во Фран­ци­ја пред три го­ди­ни и но­ва­та иде­ја на ун­гар­ска­та вла­да за бло­ка­да на ази­лан­ти­те со ме­тал­на огра­да ви­со­ка че­ти­ри ме­три, се са­мо дел од на­чи­ни­те на кои мо­же да се ре­ин­кар­ни­ра Бер­лин­ски­от ѕид. Др­же­ње во еко­ном­ска изо­ла­ци­ја на зем­ји­те од За­па­ден Бал­кан е ед­на од гре­шки­те што ги пра­ви За­па­дот не гле­дај­ќи де­ка со тоа са­мо го зго­ле­му­ва не­за­до­волс­тво­то во ре­ги­о­нот и го зго­ле­му­ва бро­јот на ази­лан­ти и по­крај тоа што си­те зем­ји на Бал­ка­нот се сме­та­ат за без­бед­ни.

Пред не­кол­ку не­де­ли европ­ски­те и ре­ги­о­нал­ни­те ме­ди­у­ми об­ја­ви­ја де­ка на­ско­ро Европ­ска­та ко­ми­си­ја и ММФ ќе да­дат осум ми­ли­о­ни евра по­мош за раз­лич­ни про­е­кти на зем­ји­те на За­па­ден Бал­кан, со дру­ги збо­ро­ви, ре­чи­си 20 ми­ли­о­ни лу­ѓе во Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја, Ал­ба­ни­ја, Ко­со­во, Цр­на Го­ра и Бос­на и Хер­це­го­ви­на ќе до­би­јат по око­лу 250.000 евра на се­кој ми­ли­он лу­ѓе или по око­лу 0,4 евра за се­кој гра­ѓа­нин на За­па­ден Бал­кан. Во исто вре­ме, во пос­лед­ни­ве пет го­ди­ни по по­че­то­кот на фи­нан­си­ска­та кри­за во Евро­па член­ки­те на ЕУ, Европ­ска­та цен­трал­на Бан­ка и Ме­ѓу­на­род­ни­от мо­не­та­рен фонд ѝ до­де­ли­ја по­ве­ќе од 320 ми­ли­јар­ди евра на Гр­ци­ја, зем­ја што со го­ди­ни гле­дај­ќи в очи ги ла­же­ше сво­и­те парт­не­ри за сво­ја­та еко­ном­ска и фи­нан­си­ска со­стој­ба. Тоа зна­чи де­ка се­кој од око­лу де­сет­те ми­ли­о­ни лу­ѓе што жи­ве­ат во зем­ја­та по­сто­ја­но (офи­ци­јал­ни­от број е 11,1 ми­ли­о­ни, но по­ве­ќе од еден ми­ли­он жи­ве­ат над­вор од зем­ја­та со грч­ки па­со­ши) при­мил по око­лу 33.000 евра. Се раз­би­ра, су­ма­та од осум ми­ли­о­ни евра не е ре­ал­на­та што му ја да­ва ЕУ на За­па­ден Бал­кан во пос­лед­ни­ве пет го­ди­ни, но се­пак таа ни од­да­ле­ку не е кол­ку што ѝ се да­ва на ед­на зем­ја-член­ка ка­ко Гр­ци­ја. За­мис­ле­те са­мо ед­на де­сет­ти­на од па­ри­те да­де­ни на Гр­ци­ја да се да­дат ка­ко дол­го­ро­чен за­ем или не дај Бо­же не­по­врат­на по­мош за зем­ји­те од За­па­ден Бал­кан. Тоа се нај­мал­ку ед­на де­це­ни­ја ми­рен пер­и­од во кој вла­ди­те во ре­ги­о­нот ќе мо­жат во со­ра­бо­тка со ЕУ и со ММФ да ини­ци­ра­ат ни­за ин­фра­стру­ктур­ни и чи­сти де­лов­ни про­е­кти, кои ќе спре­чат но­ви бра­но­ви еми­гран­ти од овие зем­ји во ЕУ, во исто вре­ме ќе ги пре­тво­рат зем­ји­те во по­до­бро ме­сто за жи­ве­е­ње и ќе ги под­го­тват за влез во Уни­ја­та.

 

(Текст објавен во 147. број на неделникот Република, 26.06.2015)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top