| четврток, 6 декември 2018 |

Грција е во банкрот – Ципрас се предомисли во последен момент, но Европа му го врти грбот

ципрас1Грција од полноќ и официјално во банкрот, откако не успеа да го врати долгот кон ММФ вреден 1,6 милијарди евра и долгот кон Банката на Грција од 472 милиони евра, објави „Сител“.

Ципрас во последен момент сепак  попушти, со писмо до кредиторите  вели дека ги прифаќа речиси сите услови кои  се бараа од него –во замена за нов заем од 29 милијарди евра.

Отстапките на грчкиот премиер се – заминувањето во пензија на 67  години да не стапи на сила веднаш, туку  од октомври се до  2022 година..  Данокот на додаена вредност да се зголеми, но за  најодалечените острови бара попуст од 30%.. Не веднаш – туку постепено укинување на фондот за солидарност на најсиромашните пензионери . Ограничување на воениот буџет, реформи во данокот на добивка, на есен реформи на пазарот на труд, реформи на правосудниот систем, либерализација на туристичкиот пазар и имеплементација на анти корупциски мерки.

Ова не значи деја грчката влада капитилира, преку соопштение се правда Грција. За експертите пак – потегот  на Ципрас е задоцнет, тој сега се правда пред домашните граѓани дека се трудел:

–  Ова е само уште едно писмо и со тоа  Ципрас се труди да покаже дека прави се за неговата земја. Но , тогаш ќе каже – за жал, кредиоторите ја одбија оваа идеаја. Затоа мора  да одиме на референдум., изјави аналитички експерт

Германискиот минсиер за финансии Шојбле изјави дека Со грција не е возжножно да се водат сериозни преговори, , а ваквото  писмо ништо не менува. И порача на Грција дека мора да го објасни својот предлог, и потсети дека на  официјална Атина еднаш веќе и е простен долгот

Земјата веќе не е солвентна. Банките немаат пари – остануваат затворени трет  ден. Денеска исклучок направија неколку, само за да им исплатат пари на пензионерите.

Десетици илјади граѓани вчера протестираа во Атина . Го повикаа народот да гласа со ДА во недела. Референдумот всушност ќе значи останување во еврозоната или излез од неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top