| четврток, 6 декември 2018 |

Телото на Младенов предадено на обдукција

Телото на новинарот и сопственик на „Фокус“, Никола Младенов“ е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина, потврдија од МВР.

Обдукцијата треба да покаже како и од што настапила смртта кај Младенов, а од увидот треба да се утврдат причините за несреќата. Според полицијата, се проверува и техничката исправност на возилото, како и евентуална можност од диверзија или вмешаност на друго возило во несреќата.

Возилото беше пронајдено денеска околу 12 часот откако неговата сопруга пријавила во полиција дека не е вратен цела ноќ. Младенов бил лоциран преку сигналот од неговиот мобилен телефон.

Никола Младенов ќе биде погребан утре на Градските гробишта во Бутел, во 14.30 часот. Час претходно неговото тело ќе биде изложено во капелата во Бутел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top