| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Во Преспа во патната и комуналната инфраструктура се инвестирани 15 милиони евра

Никола Груевски, престедателот на ВМРО ДПМНЕ денеска беше во посета на Ресен и оттаму соопшти дека Преспанскиот е регион во кој многу е инвестирано во рамките на можностите на Владата.

Петнаесет милиони евра Владата има инвестирано во Преспа во патната и комуналната инфраструктура и за подобрување на туристичката понуда. Изградивме две прекрасни плажи во Стење и Сливница и за плажите се инвестирани околу 1,2 милиони евра. Проектирани се за уредување дополнително 1.400 метри плажи на Езерото. А овој месец треба да почне изградбата на пешачка патека долга 5,5 километри која што ќе биде покрај Езерото и ќе биде вистински магнет како за домашните, така и за странските туристи. Во моментов се работи на реконструкција на водоводот што е инвестиција од околу 300 илјади евра. Инвестирани се многу средства и во локални патишта. Изградени се голем број локални патишта, а во тек е реконструкцијата на регионалниот пат Битола – Ресен, која треба да заврши  во септември. Досега се реконструирани вкупно 50 километри локални и регионални патни правци кои што се од значење за Општина Ресен, изјави Груевски.

Тој додаде дека продолжува Ресен да биде во фокусот.

– Ова е, рече, регион кој продолжува да биде во фокусот на нашата работа и онолку колку што се можностите ние гледаме да инвестираме во секој  сегмент значаен за граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top