| четврток, 6 декември 2018 |

Дали „Фокус“ свесно учествувал во конструирањето на аферата со лажните пасоши?!

fokusglavnaНовинарот на „Фокус“ кој ја работел аферата со лажните пасоши бил во директна комуникација со членот на СДСМ Захир Бекири- Чауш, кој е првоосомничен и во чиј дом се изработувале пасошите, објави „Курир“ повикувајќи се на извори во истрагата.

Од листинзите на телефонот на Бекири кои се обезбедени, според изворите на кои се повикува „Курир“, утврдено е дека уште од 2014 година отпочнала соработката на новинарот на „Фокус“ и Чауш.

Заради неговата улога во аферата, според порталот, истиот ќе биде повикан за да даде исказ. Изворите не исклучувале дека „Фокус“ во фабрикувањето на аферата со лажни пасоши влегол свесно и со намера, односно дека не станува збор за аматерски непрофесионален настап на новинар кој не ги проверил своите извори.

Во целиот контекст, интересен е и фактот што сопругата на новинарот е блиска соработничка на Радмила Шекеринска и била дел од нејзиниот тим, односно работела во Кабинетот уште кога истата била потпретседател на Владата – пишува Курир.

Врските на Чауш со истрагата се неспорни бидејќи самиот Заев потврди дека станува збор за нивен член кој често доаѓал кај него во Кабинет. Фотографиите објавени вчера јасно и недвосмислено ја откриваат евтината лага и манипулација на опозицискиот лидер, бидејќи на очиглед на целокупната јавност излезе на виделина дека приватниот дом за кој зборува Заев, а каде се штанцале пасошите, всушност е домот на неговиот сопартиец Захир Бекири- Чауш, за кого впрочем Заев сам призна дека е член на СДСМ и негов сопартиец.

caus-2-1

– Ќе ги дадам сите одговори, тој е член на СДСМ и тој е сликан во канцеларијата моја во која што работам. Нема бегање од таа работа, ниту некој се плаши, призна Заев на 22-ти декември минатата година при гостувањето во „Топ тема“ на Телма, за потоа на 12-ти јануари годинава при гостувањето во Канал 5 уште еднаш категорично да потврди:

-Чаушот е член на СДСМ…

Според фотографиите кои вчера ги објавија медиумите токму тепихот ја разоткрива аферата со фабриката за лажни пасоши. На површина излегоа фотографии на кои јасно се видливи детали што упатуваат на заклучокот дека во истата соба каде што се снимени лажните пасоши, многу често престојувал Захир Бекири – Чауш, член на СДСМ и главен осомничен во аферата со лажните лични карти.

Само неколку дена по ексклузивката на „Фокус“, односно на 1-ви декември 2014-та година, лидерот на СДСМ Зоран Заев од трибина во Гостивар изјави дека тоа што се “штанцале пасоши во приватни домови самопотврдувало колку власта е несериозна, колку немало држава и државни институции“.

-Да се штанцаат пасоши во приватни домови, ги видовте и сликите и снимките што се излезени. Тоа само по себе најавува што тоа се случува во Македонија за време на избори. И од тие причини, уште еднаш, само оваа афера којашто ја вади Фокус, потврдува колку власта е несериозна, колку нема држава и државни институции и дека се е партија, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top