| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата фати четворица познати битолски дилери

СВР Битола поднесе кривични пријави против четири лица на возраст од 24 до 43 години, сите од Битола, за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори и овозможување на употреба на наркотични дроги.

Пријавените, изминатиот период во повеќе наврати неовластено набавувале и продавале дрога за одреден паричен надомест, а додека еден од пријавените овозможувал употреба на наркотична дрога.

Пронајдени се вкупно 10 неотворени шишиња метадон од по 10 милилитри или вкупно 100 милилитри метадон, ампули диазепам, 0,49 грама кокаин спакуван во најлонско пакување, 14,25 грама марихуана и 14 алуминиумски и најлонски пакувања со вкупна маса од 2,52 грама -хероин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top