Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215, став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Двајца од осомничените се македонски државјани, еден е државјанин на Албанија и еден е од Косово.
Кај осомничените лица се пронајдени повеќе од 100 килограми наркотична дрога марихуана, наменета за турскиот наркопазар. Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерката притвор за четирите лица. Предлогот со Решение на судот е прифатен и е изречен притвор од триесет дена за секој од осомничените.
Истрагата за стореното дело продолжува со преземање на дејства од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.