| четврток, 6 декември 2018 |

Деца убиваат и продаваат дрога за да преживеат (Видео)

Во Рио, магичниот бразилски град кој е посетуван од милиони туристи, поделбата на богати и сиромашни се гледа на секој чекор, а криминалот цвета на сите страни. Застрашувачки е фактот што најбројни и најбрутални се деца на кои што криминалот им е единствената работа од која што можат да преживеат. Во Бразил ги нарекуваат „молекес“, односно мангупи. Уште во 1992-ра година низ градовите ширум Бразил ги имало во неверојатна бројка од над 8 милиони.

Сето тоа најчесто се деца без родиели кои што влегуваат во светот на криминалот на 10-12 години, а најчесто не живеат повеќе од 25 години. Дури и ако имаат родители, тие не им забрануваат да им се приклучуваат на уличните банди затоа што значајно го зголемуваат домашниот буџет. Тие деца буквално спијат на улиците и мора да припаѓаат на некаква банда за да имаат заштита.

Во Рио фавелите ги контролираат нарко-бандите, а уличните банди работат за овие подобро организирани криминални групи. Наркобосовите им се пример, затоа што тие го поседуваат тоа кои што сите го посакуваат – пари и моќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top