„На ти со Ана Јовковска“ е насловот на дружбата во која новинарката Ана Јовковска в четврток, на 2 јули, од 18 до 20 часот во книжарницата „Матица“ ќе потпишува книги.
Јовковска е авторка на книгата „Пулсот и времето“ за која владее големо интересирање.
Рецензенти на книгата се проф. Елизабета Шелева, проф. Ферид Мухиќ, Никола Ристановски, проф. Венко Андоновски, Дејан Дуковски и проф. Александар Прокопиев.
„Најубавиот дел од процесот е да учиш како на луѓето да им читаш од очите, наместо од зборовите. Јас бев нивното огледало, а тие моето“ вели Јовковска.
Средбата со Ана е како…
пливање кон брегот на вистината,
допир со реалноста,
натпревар со љубовта,
казна за суетата,
рандеву со болката,
вадење маски,
нуркање во најдлабокото,
соочување со сопственото,
разбирање на туѓото,
егзистенцијален шах со животот,
наоѓање детелинка со пет листа…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите
-
Промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски