| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на современ накит „Големата мајка божица и змејот”

Авторки на проектот „Големата мајка божица и змејот” се македонската дизајнерка на накит Билјана Клекачкоска и Тина Кодер Грајзар, словенечка дизајнерка. Изложбата ќе биде отворена во четврток, втори јули, во Мала Станица, во 20 часот.

izlozba_na_sovremen_nakit

Билјана Клекачкоска, македонска дизајнерка на накит која со современ авторски пристап твори во филигранска техника, а Тина Кодер Грајзар, словенечка дизајнерка која авторски твори Идриска чипка – ги поврзува сличниот пристап и концепт во работата како и сличниот начин на размислување.

Како појдовна точка на заедничкиот проект тие избираат по еден симбол од местата во кои живеат и творат – големата мајка божица од Скопје и Љубљанскиот змеј. Сакајќи да додадат нова, актуелна димензија на овие два митoлошки симбола, Билјана ја замоли својата пријателка, писателката Барбара Драговиќ, специјално за оваа прилика да напише нов, современ мит кој ќе ги вклучува обата симболи. Така настана кратката приказна „Мајката божица и змејот”, која авторките на изложбата ја користат како појдовна точка и инспирација за заедничкото творење.

Во презентираната колекција на накит уметниците го истражуваат дуалниот принцип (машко-женски, активно-пасивно, динамично-статично итн.) како на ниво на форма, така и на ниво на материјал. Трагаат по точките на допир, спој од кој ќе произлезе нов производ со оптимална резонанца на двете техники и двата авторски начини на изразување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top