| четврток, 6 декември 2018 |

Минимален пораз на Ренова од Дачија

renova

Македонскиот претставник во квалификациите за Европа лигата на УЕФА, екипата на Ренова загуби со 0-1 од Дачија во првиот дуел од двомечот со Молдавците.

Михаи Роска со гол во раната фаза, во 12. минута го одлучи дуелот во Скопје, по што Дачија ќе има голема предност пред реваншот на 9. јули во Кишињев.

Во меч со многу малку шанси и цврста игра, Ренова не успеа да го најде патот до мрежата на гостинскиот голман, па сега има мали шанси за подвиг и палсман во второто квалификациско коло.

Останатите наши претставници во ова натпреварување, Работнички и Шкендија ќе играат во четврток против Флора во Талин, односно со Абердин во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top