| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички и Ренова без голови, поделија по еден бод

1fudbalskaliga0wkВо воведниот натпревар и единствен денес од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига, екипите на Работнички и Ренова одиграа без голови на арената „Филип Втори“.

Останатите четири натпревари на програмата се утре во 14 часот.

Лидерот Вардар му гостува на Младост во Охрид. Металург ја пречекува второпласираната Шкендија, додека во Кочани, штипска Брегалница ќе игра против Хоризонт Турново. Во последниот натпревар ќе се сретнат трето и петто пласираните екипи на табелата, на стадионот „Чаир“ во Скопје, каде Шкупи ја пречекува екипата на Силекс.

Табела:
Вардар 52 бодови
Шкендија 47
Силекс 33
Работнички 32
Шкупи 31
Ренова 22
Хоризонт Турново 21
Брегалница 20
Младост 16
Металург 13

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top