| четврток, 6 декември 2018 |

Штеф Вујчиќ најиздржлив во квалификациите за Европа Лигата

rabotnicki-2

Играчот од средниот ред на Работнички, Стефан Вујчиќ е најфаулираниот фудбалер во трите квалификациски кола за пласман во Европа Лигата и споредц статистиката на УЕФА и најиздржливиот пред настапот во плејофот против Рубин Казањ.

Над „осмицата“ на романтичарите се направени вкупно 20 прекршоци од противничките играчи на Флора, Јелгава и Трабзонспор, екипи што Работнички ги елиминира на патот до ЛЕ.

Зад него е фудбалерот на Омонија Андре Шембри со 18 фаули против него, а во топ-20 се наоѓа и Мики Петровиќ со 13 прекршоци против него.

Вујчиќ покажа дека знае да трпи удари, но и знае да игра фудбал и тоа одлично, а неговата асистенција до Баже Илијоски на првиот меч против Трабзонспор беше маестрално дело. На феноменален начин популарнито Штеф ја надмудри комплетната одбрана на турскиот тим и го исфрли сам капитенот на Работнички, кој погоди рутински за победа на македонскиот тим од 1-0. Реваншот заврши нерешено 1-1 по продолженија, па Работнички ќе игра двомеч со Рубин за историски настап во фазата по групи во ЛЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top