Ренова ќе биде екипата што ќе го пробие мразот во европските квалификации од македонскиот квартет претставници на континенталната сцена, вечерва со првиот меч против Дачија од Молдавија.
Мечот од првата квалификациска рунда за пласман во Лигата на Европа ќе се игра од 21 часот на националната арена „Филип Втори“.
Гостите од Кишињев се фаворити, а Дачија е тимот што ја загуби титулата во молдавското првенство со пораз во последниот меч. Ги предводи познатиот руски репрезентативец Игор Добровољски, сега тренер на Дачија, а порано фудбалер на реномирани клубови од калибарот на Атлетико Мадрид, Олимпик Марсеј и Џенова.
Реваншот ќе се игра во Молдавија на 9 јули, а ако Ренова ја мине оваа пречка следен ривал ќе ѝ биде подобриот од двомечот меѓу Жилина и Гленторан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.