Металург ќе му биде домаќин на Кjелце на 21 април, в недела, во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите, а реваншот е една седмица подоцна во Полска. ЕХФ ги одреди точните термини за дуелите на најдобрите осум екипи сезонава во Европа, освен за мечот во кој Кире Лазаров со Атлетико Мадрид ќе игра против Барселона. За тој двомеч дополнително ќе се знае кога ќе се игра.
Останатите две четвртфинални пресметки се играат на ист ден (21 април), а силите ќе ги одмерат Кил и Веспрем, односно Фленсбург и Хамбург.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.