„Јавна соба“, еден од организаторите на фестивалот Недела на дизајнот, почнува со реализација на еден од најзначајните проекти во сферата на дизајнот во Македонија, наречен „Шаблони“. Имено, овој проект се состои од три креативни работилници: работилница за правни договори „Владеење на правото“ , „Работилница за графички дизајн“, како и „Работилница за дизајн на мебел“.
– Освојувањето нови пазари е тесноповрзано со креативноста на една компанија. Индикаторите од последниве години на светско ниво укажуваат дека исклучиво компаниите што успеаја да изградат уникатен бренд и позиционирање не беа погодени од кризата. Останатите беа осудени на пропаст или темелно реструктуирање. Различноста на пазарот најдобро се постигнува преку дизајн, велат организаторите.
Работилниците ќе бидат изведени во партнерство со Амбасадата на Кралството Холандија и Министерството за култура на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Пастело“ е избран за Најдобар млад бренд на Неделата на дизајн во Скопје
-
Георги Шаревски, џез-гитарист: Имам среќа да соработувам со постари и поискусни музичари од мене, што ме научи да бидам понизен и благодарен
-
Васил Хаџиманов гостин на Недела на дизајн во Скопје со промоција на албумот „Alive“
-
Александар Велиновски, СДВ: Станавме најпопуларна дизајнерска платформа во регионот