Лино Червар повторно ќе го предводи Металург во Лигата на шампионите, што претставува големо изненадување по турбулентниот период во кој тимот од Автокоманда поради финансиските проблеми беше на работ на пропаст.
Сепак, металурзите покажуваат челична волја да опстанат, да успеат, па благодарение и на разбирањето од ЕХФ се враќаат на големата сцена, во Лигата на шампионите.
– Ние веќе забележавме голема победа, со тоа што не дозволивме да нѐ снема од ракометната карта како што тоа беше случај со Атлетико Мадрид, Копенхаген и со Динамо Минск. Металург продолжува со својот концепт и секако дека ќе се бориме за нов настап во осминафиналето на ЛШ. Очекувам за одреден период да се вратиме во врвот на европскиот клупски ракомет. Ме радува и тоа што ЕХФ правилно го оцени и награди придонесот на Металург во развој на ракометот во овој регион и секако во Европа. Тоа е големо признание за клубот – изјави Червар.
Металург доби вајлд-карта од ЕХФ и ќе игра во ЛШ во новиот формат како дел од групата Д, заедно со Скјерн, Мотор Запорожје, Шафхаузен, Баја Маре и една екипа од квалификациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



